ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ PMD

ОСТРИ КОНТРАСТИ: Додека Џинпинг се дружи со „драгиот пријател“, воениот злосторник, Путин, јапонскиот премиер Кишида ја посети Украина во знак на силна и недвосмислена поддршка

March 22, 2023 14:20
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Јапонскиот премиер Фумио Кишида допатува во Украина во знак на силна и недвосмислена поддршка на земјата која се бори против руската брутална агресија. Оваа посета се совпаѓа со посетата на кинескиот претседател Ши Џинпинг на Русија. Кишида го посети гратчето Буча, во близина на Кијив, каде што беа извршени грозоморни воени злосторства во првите неколку недели по почетокот на руската агресија.

Јапонското министерство за надворешни работи соопшти дека за време на неговата посета, Кишида „ќе покаже почит кон храброста и трпението на украинскиот народ кој стои да ја брани својата татковина под водство на претседателот Зеленски и ќе покаже солидарност и непоколеблива поддршка за Украина“, пренесе Гласот на Америка на македонски јазик.

„Светот беше згрозен од убиството на невини цивили во Буча пред една година. Навистина чувствувам голем гнев поради злосторството кога го посетив токму тоа место овде“, изјави Кишида, објави Ројтерс, а пренесе Вашингтон Пост.

Премиерот Кишида посети црква која беше место на една масовна гробница. Тој ја посети и изложбата на фотографии од она што е откриено таму и положи цвеќе за да им оддаде почит на жртвите. Јапонскиот лидер изрази сочувство „во име на јапонските државјани“, објави Ројтерс.

„Геополитичкото значење на денешната посета на јапонскиот премиер Фумио Кишида на Кијив е непроценлива. Прв пат од крајот на Втората светска војна, јапонски премиер посети воена зона. Исто така, додека рускиот претседател Владимир Путин, прогласен од МКС како воен злосторник, е домаќин на својот кинески колега во Москва. Јапонија неодамна го засили своето учество во Украина, главно хуманитарна помош и економски. Јапонската помош за Украина ќе надмине 5,5 милијарди долари“, напиша писателот и аналитичар на глобалните прашања, Мајкл Босиуркив, на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што јапонскиот премиер Фумио Кишида ја посети Украина додека рускиот претседател Владимир Путин е домаќин на кинескиот лидер Кси Џинпинг во Москва, Вашингтон Пост потсетува дека Јапонија има територијални спорови со двете држави, руската и кинеската. Москва минатата година ги прекина преговорите за спорните северни острови меѓу Јапонија и Русија, а Пекинг веќе подолго време се обидува да присвои неколку јапонски острови.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Кијив, со што стана првиот повоен јапонски лидер кој посети активна воена зона и последната членка на Групата седум најразвиени нации чиј највисок претставник ја посети во Украина за да ја покаже поддршката.

Совпаѓањето на посетата на Кишида на Украина со онаа на Џинпинг на Русија се оценува како коинциденција, според познавачите на планирањето, но, сепак, претставува симболичен и остар контраст меѓу двете азиски нации.

Преземено од ЦИВИЛ

Tags: КинаКишидаПутинРусијаСи ЏинпингУкраина
Next Post

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

НАЈНОВО

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ: Нема да му простам

November 9, 2025
ВИ

Издадено предупредување за цунами во Јапонија по земјотресот од 6,8 степени

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk