ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Не е точно дека пратеници од мнозинството нема да гласаат за уставните измени, вели премиерот

March 23, 2023 12:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека не е точно оти има пратеници од владејачкото мнозинство, односно од СДСМ, кои се против уставните измени. Според него, тоа што го кажува опозицијата нема реална основа. Процесот на устави измени, вели Ковачевски, не може да биде процес на уцени и на дневна политика, туку тоа треба да биде процес на широк, општествен и политички консензус.

– Прво нема да ги коментирам ставовите на опозицијата. За нивните ставови ќе ги прашате нив. Тие имаа во декември и во јануари до средината на февруари изјави дека имаат 61 пратеник во Собранието и дека реконструкцијата која што јас ќе ја поднесам нема да помине. Сите се уверивме дека таа реконструкција помина со зголемено парламентарно мнозинство кое што сега е 65 пратеника. Што значи дека тоа што го кажува опозицијата нема никаква реална основа. Тоа е единствено одговор на промашените тези коишто ги имаа токму коишто ги кажав и немајќи сега што да кажат велат дека сега има други пратеници. Тоа не е точно, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.

Во однос на уставните измени, премиерот Ковачевски рече дека овој процес не може да биде процес на уцени и на дневна политика, туку напротив овој процес треба да биде процес на широк, општествен и политички консензус кој нема да биде предмет на дневни прес-конференции.

– Второ, во однос на уставните измени јас ќе го повторам тоа што сум го кажал и досега. Уставните измени се обврска на секоја политичка партија која што е за зачленување на нашата држава во ЕУ. Амандманите коишто се дел од преговарачката рамка и коишто се дел од одлуките кои треба да се донесат со две третини во Собранието се само една од одлуките кои се носат со двотретинско мнозинство, рече Ковачевски.

До зачленување во ЕУ, како што повтори премиерот, на нас ни претстои реформа на правосудниот, обвинителскиот систем, реформа на јавната администрација, реформа на децентрализацијата и се тоа се одлуки коишто се носат со две третини.

– И затоа овој процес не може да биде процес на уцени, не може да биде процес на дневна политика, туку напротив овој процес треба да биде процес на широк, општествен и политички консензус кој нема да биде предмет на дневни прес-конференции. Такви примери сме имале во други држави во Хрватска, во Словенија коишто исто така носеле тешки одлуки при зачленување и до зачленувањето во ЕУ. Но, доколку и нив ги прашате тогаш и тие ќе ви кажат дека тие прашања не биле дел од секојдневната политичка дискусија која што се водела во нивото општество, туку напротив, тоа било нешто што државите го направиле и станале земји членки на ЕУ, рече Ковачевски.

Премиерот повторно се осврна на бенефитите од зачленувањето во ЕУ на тоа каде беа Романија, Полска, Чешка, Словачка и оти заради членството во Унијата нивните стандарди пораснаа, се отворија поголем број компании, секоја компанија која што е регистрирана во земја членка на Европската Унија е дел од заедничкиот пазар од половина милијарда купувачи и оти затоа тие економии пораснаа.

– Нашите граѓани заслужуваат да работат и сакаат да работат во ЕУ. Меѓутоа во ЕУ тука дома, а не да работат во земја на ЕУ која што е некаде во туѓина. И затоа одлуката и одлуките коишто следуваат за зачленување во ЕУ треба да бидат обврска на секоја политичка партија која што е за зачленување во ЕУ. Не постои декларативна поддршка без реална поддршка. Она што го имаме кај опозицијата е единствено декларативна поддршка, рече Ковачевски.

Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ не подржаа ниту една одлука за зачленувањето во НАТО, ниту пак присуствуваа на гласањето за договорот со ФРОНТЕКС.

– Затоа треба да седнат да размислат и она што декларативно го кажуваат да го покажат реално. Јас верувам дека во нашата опозиција има пратеници, има политички структури, има политички личности кои сакаат да ја видат оваа држава во ЕУ. Кога зборуваме за опозицијата таму треба и многу јасно да се постави прашање кој каков став има, бидејќи јас се повеќе гледам дека еден став има актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а друг став има поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, така што ќе треба да се видат и ставовите во однос на финалниот став на таа политичка партија, смета премиерот Ковачевски.

За тоа како ќе се стаса до двотретинско мнозинство за уставни измени и дали премиерот ќе има поединечни средби со ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски вели дека тој нема да свика лидерска средба со оглед на тоа што, според него, во овој момент нема потреба од такво нешто. Исто така, тој рече дека не одржува ниту поединечни средби.

– Сите претседатели на политички партии, па и истите пратеници ќе ви кажат дека јас поединечни средби не одржувам. Тоа се однесува како на пратениците од мојата пратеничка група од СДСМ, така и на сите други пратенички групи, освен ако не се работи за некое прашање каде што пратеник разговара за време на пратенички прашања или за време на пауза за некои законски решенија коишто се носат со претседател на Владата. Меѓутоа, такви одвоени средби јас ниту сум практикувал, ниту практикувам, ниту ќе практикувам, рече Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ, потенцира тој, мора да одлучи дали тоа што го зборува по амбасади – дајте ни власт и безусловно ќе го промениме Уставот, ќе го каже и пред народот, односно дали ги лажат амбасадите или го лажат народот.

– Значи, прво тоа прашање ќе мора да го одговорат како раководство, па потоа да можеме да продолжиме со дискусијата, рече Ковачевски на прес-конференција во Владата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаКовачевскиуставни измени

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Трамп сака драстично да го намали финансирањето на САД за истраги за воени злосторства

June 27, 2025

Дизелот поевтинува за 2,5 денари

June 27, 2025

Додик: Комеморацијата во Поточари не ја организираат властите во БиХ, туку муслиманската страна, нема да одиме таму додека не се реши обидот за убиство на Вучиќ

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Сиљановска-Давкова не е свесна за тежината на гафовите кои ги има направено вчера

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Денот на знамето на Кримските Татари: Слобода и правда за Вилен Темерјанов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk