Во одговор на новинарско прашање на прес-конференција, премиерот Димитар Ковачевски рече дека треба да се постави прашање кој во опозициската ВМРО-ДПМНЕ каков став има и додаде дека еден став има сегашниот, а друг став има поранешниот претседател на оваа партија.
„Кога зборуваме за опозицијата, таму треба јасно да се постави прашање кој каков став има. Јас се повеќе гледам дека еден став има актуелниот претседател, а друг став има бившиот претседател на ВМРО – ДПМНЕ. Ќе треба да се видат и ставовите во однос на финалниот став на таа политичка партија“, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на прашање во Владата.