ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

АВАЈА: Девојче понижувано и омаловажувано од страна на наставничка бидејќи носело шамија

March 28, 2023 11:53
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанското движење АВАЈА реагира по добиена информација од загрижен родител чие девојче веќе неколку дена во ООУ „Малина Попиванова” во Кочани е понижувано и омаловажувано од страна на наставничката бидејќи носело шамија. Наставничката веќе неколку дена пред соучениците го понижувало девојчето со зборовите „ти не си стара жена да носиш шамија“ и побарала да ја извади шамијата.

По реакција на девојчето, родителот загрижен успеал да стигне да разговара со психологот и педагогот во училиште каде му биле упатени закани дека на девојчето нема да и биде дозволено да продолжи да посетува настава доколку не ја извади шамијата. Родителот укажал дека тоа не е спротивно на ниту еден закон и побарал официјално да му биде укажано за причините поради кои не може неговото дете да посетува настава со шамија. Откако не добил одговор таткото бил турнат од страна на психологот и отстранет од училиштето.

АВАЈА најостро го осудува овој случај на дискриминација по верска и етничка основа и бара да се испита целиот случај од страна на Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат и Општина Кочани и да се преземат соодветни чекори за решавање и санкционирање на лицата вклучени во омаловажување и малтретирање на ромското девојче. АВАЈА ќе достави претставка до Народниот Правобранител и ќе го пријави овој случај до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Целиот овој настан се случува во најсветиот месец за муслиманите Рамазан.

Слободата на религијата е загарантирана со Устав и закон, а дискриминацијата врз основа на религија е забранета и од тука произлегува дека институциите мора да ги почитуваат законите и да ги почитуваат начелата на религиска толеранција. Загрижува фактот што ова доаѓа од просветни работници кои имаат благородна и хумана професија преку која ги образуваат и воспитуваат идните генерации на почит на различностите кои се богатство на нашата земја, се вели во соопштението на организацијата.

Tags: АВАЈАНаставничкаООУ „Малина Попиванова"Шамија
Next Post

Маричиќ: Не е разговарано за друга интервенција во Уставот

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk