ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Инфлуенсерката и хуманитарка Ана Дорник утре во Скопје

March 28, 2023 10:32
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

На 29 март, во хотелот Александар Палас, со почеток во 19 часот, македонската публика ќе има можност одблиску да ја запознае популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, жената која со својата работа им помага на многу жени да се справат со борбата со ракот. На настанот ќе биде промовирана нејзината автобиографска книга „Ти си таа“. Гостите ќе имаат можност да проследат дел од нејзините мотивациски говори, како и одблиску да ја запознаат и да поразговараат со неа. Специјален гостин, панелист на трибината ќе биде Лила Филиповска која ќе ја сподели својата приказна за борбата со ракот на дојката. Две храбри жени чии приказни вредат, инспирираат, надахнуваат надеж. Влезот е бесплатен.

Поддршка за македонското преставување Ана Дорник доби од Здружението ЕЗРА.

– Искрено се радувам и со нетрпение ја очекувам средбата со македонската публика. Веќе имам многу следбеници од Македонија, кои постојано ми пишуваат и ме канат да дојдам кај вас. Затоа, со помошна моите пријатели од Езра, одлучивме да ја направиме оваа
промоција и да се запознаеме и во живо. Нашата борба е универзална, не познава граници или јазични бариери, сите сме ние исто во нашата истрајност да го победиме ракот. Затоа е важно да зборуваме отворени и да се поддржуваме – изјави Ана Дорник

Автобиографската книга на Ана, „Ти си таа“ е создадена со цел да се стекне поголема свесност за раната превенција, едукација и поддршка во лечењето како и за секојдневните предизвици со кои се соочуваат жените, кои се борат со оваа болест. Лична приказна, која служи како пример и поттик за општесвена промена. За својата усрдна и безпоштедна хуманитарна работа Ана Дорник ја добила наградата за животно дело на министерството за здравство на Србија, како и други награди кои се признание за нејзините заложби за општествена промена.

За време на промоцијата, посетителите ќе можат да ја купат нејзината автобиографска книга. Целиот приход од продажбата на книгите ќе биде наменет за борбата со ракот на дојка! Воедно Ана Дорник заедно со претставниците на здружението Езра ќе ги посетат и жените кои се ново
оперирани на клиниката за торакална хирургија.

Tags: Ана ДорникСкопје
Next Post

Сојузот на средношколци и МОН постигнаа договор за олеснување на државната матура

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk