ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Украина 398. ден | Русите нема да успеат да го заземат Бахмут; САД го поддржува развојот на „меѓународен трибунал“ за руската агресија; руски напади врз цивилно население

March 28, 2023 16:59
in ON THE HOUR, PMD, ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украина денес се наоѓа во 398-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата.

Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.

Политика

Германската влада планира значително зголемување на воената помош за Украина. За таа цел, буџетската комисија на утрешната седница сака да одобри дополнителни средства во износ од 12 милијарди евра.

Стејт департментот на САД го поддржува развојот на „меѓународен трибунал“ за кривично гонење на руското злосторство за агресија врз Украина, изјави Бет Ван Шак, Амбасадорка за глобална кривична правда.

Литванската влада се подготвува да и префрли на Украина модуларен град наменет за 36 семејства.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски може да ја посети Варшава „во блиска иднина“, но патувањето нема да биде однапред објавено од безбедносни причини.

Руската инвазија доведе до уништување на стотици верски објекти од сите конфесии во Украина, соопшти денеска украинскиот претседателот Володимир Зеленски преку социјалните мрежи.

Според тројца високи функционери информирани за дискусиите по последната закана од Москва, американските и европските претставници веруваат дека Владимир Путин нема намера да распореди нуклеарно оружје во Белорусија во скоро време.

Треба да почнат подготовките за обнова на Украина и за справување со штетите од војната, изјави германската министерка за економска соработка и развој Свења Шулце на заедничката прес-конференција со украинскиот амбасадор во Берлин Олексиј Макеев.

Во Чешка, која од почетокот на војната во Украина привремено прими 502.000 бегалци од таа земја погодена од војна, останаа помалку од 300.000 Украинци.

Воена помош

Украина доби три тенкови Леопард 2А6 од Португалија, објави Министерството за национална одбрана на Португалија.

Првите британски тенкови „Челинџер“ пристигнаа во Украина за да помогнат во спротивставувањето на руската инвазија, соопшти украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.

На фронтот

Многумина веруваа дека во средината на март судбината на Бахмут е запечатена, а градот е осуден да падне во руски раце. Сепак, откако украинските сили се повлекоа од источниот дел на градот и ги заштитија линиите за снабдување јужно од Бахмут, веројатно е дека руските сили нема да успеат да го заземат уште долго време, ако тоа воопшто и се случи. Се чини дека Москва го сфати ова и на тој начин руските сили го намалија интензитетот на нивните напади додека ги преместува трупите на друго место.

Украинските власти соопштија дека противвоздушната одбрана соборила руски беспилотни летала во близина на Кијив, чии остатоци предизвикале пожар во нестанбена зграда и оти во нападот нема жртви.

Британско разузнавање: Русите имаат тешки загуби во тенкови, дисциплината во нивниот корпус се распадна.

Ноќта на 28 март 2023 година, руските трупи извршија минофрлачки и артилериски напади врз градот Херсон, погодувајќи болница и пошта.

Вкупно 465 деца се убиени, а над 943 повредени во Украина од почетокот на руската инвазија, изјави Украинското државно обвинителство.

Подготви: А. Ристески

Tags: Воена помошВојна во УкраинаРуска агресијаУкраина
Next Post
Фото: Фејсбук

Маричиќ: Блиската соработка меѓу Владата и граѓанското општество ќе биде клучна за процесот на евроинтеграции

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

August 5, 2026

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk