СДСМ со храбрите одлуки кои ги донесе ја докажа својата патриотска должност и својата македонштина. Сега сме горди Македонци што зборуваат македонски јазик“ изјави пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во „Само вистина“ на Канал 5.
Тој во дебатата со пратеничката Дафина Стојаноска рече дека благодарение на Преспанскиот договор, кој е влог во иднината на државата, Северна Македонија е 30 членка на НАТО.
На национална радиотелевизија во Грција се пејат македонски песни, во училиштата се пејат македонски песни и се учи македонскиот јазик, рече Костовски.
Пратеникот истакна дека СДСМ на свои плеќи издржа многу носејќи храбри одлуки, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои од дрвото не ја гледаат шумата со неприфаќањето на уставните измени и отворање на поглавјата во преговорите со ЕУ.
Членството во ЕУ не е интерес само на СДСМ, туку на секој Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав и други. Шансата е блиску и ништо не губиме бидејќи се зачувани македонските карактеристики, јазикот е признат и сите напади и илузии од ВМРО-ДПМНЕ пропаднаа во вода, рече Костовски.