Веќе втор пат по ред пратеничките прашања завршуваат со груб атак, навреди кон жена , омаливажување и недостојни инсинуации од страна на опозиционер, истакнува во објава на Фејсбук, пратеничката Жаклина Лазаревска, за обвинувањата и заканите од собраниската говорница на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки кон министерката Славјанка Петровска,
„Минатиот пат кон мене, вчера кон министерката за одбрана Славјанка Петровска. А од ВМРО ДПМНЕ како партија МОЛК, ниту извинување ниту оградување од изреченото.
Многу ” јаки” мажи овие вмровциве!
Не знам што е во прашање, дали се докажуваат кој е поголемо мажиште или едноставно нивнито вистинско лице излегува на виделина, но очигледно ВОЛКОТ СИ ГО МЕНУВА ВЛАКНОТО НО НЕ И НАВИКИТЕ“, вели Лазаревска
Таа нагласува дека веќе „станува очигледно дека ваквите испади само покажуваат колкаво лицемерие и стереотипи владеат во оваа партија“.
„Веќе станува јасно дека нивниот однос кон жените воопшто не се сменил и воопшто не евоулирал во однос на прашањето на родовата еднаквост.
Нивната мизогенија преминува во опсесија , дно под дното , нема подолу каде“, потенцира Лазаревска.