ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Придобивки од ЕУ, а не политизација – тоа го бараат граѓаните од сите политичари и сите партии

March 29, 2023 19:19
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: Влада.мк

Фото: Влада.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на промоцијата на проектот „Медиумите за ЕУ“, каде истакна дека за перцепцијата на граѓаните за процесот на преговори и за ЕУ клучна ќе биде соработка помеѓу медиумите, граѓанското општество и политичките партии

.
Процесот на евроинтеграции, особено со новата методологија, стана и политички процес, кој за жал кај нас сè почесто се политизира и се злоупотребува за дневна политика што секако влијае на ставовите на граѓаните за ЕУ. Затоа граѓаните треба да бидат добро информирани за ЕУ и заеднички да правиме напори да се продлабочи дебатата за преговорите со ЕУ и за сите позитивни промени и економски можности кои ги носи членството, рече вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот посочи дека никогаш како денеска не сме се соочувале со опасности од дезинформации кои го поткопуваат проевропското расположение кај граѓаните, а се оркестрирани, организирани и во директна релација со руската агресија на Украина.

Наша задача како Влада, но мислам дека и мисија на граѓанските организации и на медиумите, особено оние коишто искрено веруваат во членството во Европската Унија, е токму сега да направат максимум за да се избориме со дезинформациите, со негативните перцепции и да се врати поддршката на граѓаните за Европската Унија, порача Маричиќ.

Маричиќ не верува дека Македонците, и сите останати народи и заедници кои живеат во Северна Македонија, коишто одговараат на анкетите на јавното мислење, се против ЕУ, анкетираните кои веќе не се толкави ентузијасти, според него се практично разочарани проевропски настроени граѓани.

Разочарани од тоа што се случувало во изминативе неколку години, а поврзано со блокадите со коишто се соочивме, разочарани затоа што сè уште немаме точен датум кога ќе станеме членка на Европската Унија. Разочарани сигурно и поради темпото на реформите, објасни Маричиќ.

Во своето обраќање Маричиќ направи компарација со наративот за ЕУ пред петнаесет години и кажа дека тогаш многу полесно се зборувало за Европската Унија „бидејќи многу беше поголем евроентузијазмот меѓу граѓаните“, додавајќи дека „денес се бориме со перцепцијата дека тоа ни е недостижна цел и дека не можеме да го постигнеме тоа што и да направиме“.

Целта на тие проекти беше европеизација на општеството, приближување на ЕУ до граѓаните, преведување на сложениот ЕУ систем и придобивките од тој систем за граѓаните. За жал, во годините после 2008, атмосферата во општеството беше таква да тие активности беа стигматизирани, етикетирани, ставани во контекст дека се случуваат само за да се убедат граѓаните дека треба да се смени името на државата, истакна Маричиќ.

На крајот вицепремиерот искажа увереност дека околу европската перспектива на државата, Владата, граѓанските организации и медиумите имаат иста цел и имаат заедничка мисија, која треба да ја спроведат заедно.

 Владата стои целосно на располагање. За, со сите свои ресурси и капацитети и можности, да го помогне овој проект и овој процес со информации, податоци, присуство, сè што мислите дека е потребно. Ние стоиме на располагање затоа што сметаме дека е ова извонредно важен проект и извонредно важен процес, кажа Маричиќ.

Проектот „Медиумите за ЕУ“ – Програма на граѓанското општество за учество на медиумите во преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Поддржан од Европската унија ќе биде спроведуван од Евротинк – Центарот за европски стратегии и партнерите АЛДА и БИРС, во наредните три години.

Целта на проектот е да се поттикне соработката меѓу медиумите, граѓанските организации и релевантните државни институции кои ќе работат во преговарачките процеси на земјата со релевантните институции од ЕУ, како и подобрување на квалитетот на информации и презентирање на состојбите и напредокот на Македонија кон ЕУ за пошироката јавност во државата, стои во соопштението од владината прес-служба.

Tags: ЕУМаричиќпроект „Медиумите за ЕУ“
Next Post
Фото: Скрин шот, Мартин Костовски во „Само вистина“

Костовски: СДСМ со храбри одлуки ја докажа својата патриотска должност

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk