Русија не успеа во своите напори за „информатичко уништување“ на Украина, кои ги вложува истовремено со обидот за инвазија, а проруските напади се прелеаа и во европските земји, истакнуваат информатички експерти од групата Талес во денеска објавен извештај.
„Не го видовме успехот на сајбер војната што Русија сакаше да и ја наметне на Украина, која беше исклучително отпорна. На 23 февруари 2022 година, Русија, истовремено со нападот на теренот, на почетокот на конфликтот се обиде да изврши молскавични компјутерски напади со непознати вируси создадени специјално за таа пригода, чија цел беа воени објекти, како што се енергетските инсталации, телекомуникациите и електричната инфраструктура и сателитски мрежи Виасат“, коментира Иван Фонтаренски, технички директор за информатичка заштита во Талес.
Посочи дека направена е штета во нападите, но Украинците многу брзо успеале да ја нормализираат работата на погодените системи.
„Од украинската страна немавме докази за напади на воената служба врз Русија. Некои проукраински активисти се обидоа да извршат напади без поголем ефект, освен во јуни 2022 година, кога проукраинската група ја презеде одговорноста за нападите на две руски електрани“, рече експертот.