Денеска во 11 часот ќе започне дводневната регионална конференција – Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ „Гласно и храбро ги поместуваме границите“ која ја организира Министерството за труд и социјална политика во соработка и поддршката на UN Woman и проектот Gender Equality Facility (GEF) под канцеларијата наUN Woman во Република Северна Македонија.
Конференцијата е организирана како последен настан од кампањата „Гласна и храбра” која ја спроведуваше Министерството за труд и социјална политика во месец март.