ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Срамно, скандалозно и недозволиво е однесувањето на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ кон Универзална

March 30, 2023 15:15
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
СДСМ

СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш потврди дека и на државно и на локално ниво е деструктивна партија. Со одбивањето на предлогот на советничката група на СДСМ реконструкцијата на Универзална сала да ја преземе Владата, од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека дневната политика им е пред Скопје, пред граѓаните, пред културата“, се вели во реакцијата на владејачката партија.

„Една и пол година Универзална сала стои нереконструирана иако пари за овој проект има, но поради лични хирови на Данела Арсовска и инаетот на ВМРО-ДПМНЕ овој објект симбол на Скопје скапува и од ден на ден е во се полоша состојба.

Срамно, скандалозно и недозволиво е однесувањето на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ и кон овој објект, но и кон Град Скопје и кон граѓаните“, додаваат од Бихаќка.

Советниците на Советот на Град Скопје на денешната 27. седница не ја усвоија иницијативата за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Универзална сала од Град Скопје на Владата, односно на Министерството за култура.

Иницијативата, што беше поднесена од страна на коалицијата предводена од советничката група на СДСМ, не беше прифатена откако за неа гласаа само 15 советници од Советот на Град Скопје.

Градоначалничката Данела Арсовска, на прес –конференцијата пред започнувањето на седницата на Советот, одговарајќи на новинарско прашање рече дека иницијативата е покрената од советниците и дека тие треба да одлучат.

– Тоа не е одлука којашто јас како градоначалник можам или сакам да ја направам. Иницијативата беше покрената од советниците, како што впрочем тие ги покренуваат сите иницијативи и за тоа тие самите треба да одлучат. Да видиме во која насока ќе се движи дискусијата и кое е всушност барањето што претендираат да го постават на дневен ред на денешната седница на Советот, рече Арсовска.

Tags: АрсовскаВМРО-ДПМНЕГрад СкопјеУниверзална сала
Next Post

Николовски се сретна со еврокомесарот за земјоделство Војчеховски во Брисел: Потврдена нашата успешност во реализацијата на ИПАРД програмата 

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk