МНР на Украина започна нова информативна кампања #BadRussianJoke, само неколку дена пред Русија да го преземе претседавањето со Советот за безбедност на ОН. Целта на кампањата, како што информираат оид украинското МНР, е да го потсети светот дека Русија незаконски доби постојано место во Советот пред повеќе од 30 години и оттогаш го користи за да го прекршува меѓународното право и да ја дестабилизира глобалната безбедност. Кампањата ја започна министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба на Твитер.
Russian UN Security Council presidency on April 1 is a bad joke. Russia has usurped its seat; it’s waging a colonial war; its leader is a war criminal wanted by the ICC for kidnapping children. The world can’t be a safe place with Russia at UNSC #BadRussianJoke #InsecurityCouncil
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) March 30, 2023
„Руското претседателство со Советот за безбедност на ОН на 1 април е лоша шега. Русија го узурпираше своето седиште; води колонијална војна; нејзиниот лидер е воен злосторник баран од МКС за киднапирање деца. Светот не може да биде безбедно место со русија во Советот за безбедност на ОН #BadRussianJoke #InsecurityCouncil“, напиша министерот Кулеба.
Украинците апелираат за поддршка на кампањата со споделување на објави на социјалните мрежи користејќи ги хаштаговите #BadRussianJoke и #InsecurityCouncil.