ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Андонов и Кичевски: Работиме на забрзана енергетска транзиција на земјата, голем е потенцијалот за нови инвестиции во обновливи извори

March 31, 2023 16:03
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Соработникот за енергетика во Канцеларијата на Претседателот на Владата, Виктор Андонов заедно со секретарот за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата, Васко Кичевски присуствуваа на работна средба со претставници од бизнис заедницата од Чешката Република во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија, во Прага, Чешката Република, Чешко – Македонската трговска асоцијација и Чешката агенција за промоција на трговијата.

Целта на оваа средба беше да се промовираат можностите за инвестирање во обновливи извори во нашата земја, како и поволностите што ги нуди Владата за инвестиции во нови производствени капацитети, известуваат владините служби.

„Кризата не научи дека мора да постапуваме брзо и ефикасно во насока на забрзување на енергетската транзиција кон производство на чиста енергија. Нашата земја изобилува со огромен природен потенцијал, ние сме земја на сонцето со голем број сончеви денови, а дополнително Владата на Република Северна Македонија донесе сет на мерки со кои се олеснуваат процедурите за инвестициите во обновливи извори. Сето ова, треба да биде мотив да ги разгледате поволностите и можностите за инвестирање“, рече соработникот Андонов.

Секретарот за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата, Васко Кичевски пред присутните претставници од чешката бизнис заедница зборуваше за поволностите и можностите за инвестиции во нови производствени капацитети во технолошките развојни зони и надвор од зоните, и ги презентираше мерките што Владата ги донесе за привлекување на нови инвестиции.

 

Tags: Васко КичевскиВиктор Андоновенергетска транзиција
Next Post

Над: Словачка планира да го зголеми производството на муниција за снабдување на Украина

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk