ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Граѓаните да не стравуваат од поскапување на електричната енергија, се планира и враќање на евтината тарифа

March 31, 2023 15:39
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Зголемувањето на домашното производство на електрична енергија, како и субвенционирањето на цената на струјата од страна на Владата, за што граѓаните плаќаа пет пати пониски сметки за струја ги даде очекуваните резултати, вели Дарио Николовски, директорот на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија. Според него кризата што го зафати поголемиот дел во светот, особено во делот на енергенсите, кај нас е претворена во шанса и е обезбедена сигурна, стабилна и непречена испорака на енергеси без зголемување на цените.

-Цела Европа како и земји од регионот се соочуваат со енергетска криза, што доведува до зголемувањето на цената на електричната енергија, бидејќи тоа е неопходно за да се обезбеди 24-часовно снабдување со електрична енергија. Што се однесува до нашата држава, кризата ја претворивме во шанса и обезбедивме сигурна, стабилна и непречена испорака на енергеси а цените не се зголемија. Кога велам дека ја искористивме кризата, тогаш зборувам за тоа дека доминатно цел приватен сектор постави фотоволтаици за да ги намали сметките и станаа во најголем дел самоодржливи кога е во прашање електричната енегија, па така податоците покажуваат дека во последните 15 години се нема случено во зимските месеци 90% од потрошената електрична енергија кај цело стопанство да биде исклучиво од домашно производство, а само 9,8% да се од увоз, истакна Николовски и додаде дека паралелно со тоа ЕСМ во целост ја обезбеди струјата за домаќинствата иако требаше согласно законот да обезбеди само 60%.

-Токму стратешките одлуки на енергестко економскиот тим во решавањето на проблемите се водеше од единствена цел а тоа е – да се заштити стандардот на граѓаните и домаќинствата да немаат повисоки сметки. Во тоа и се успеа. Денес цел регион ги зголемува цените, Србија два пати, има најави за промена и во Хрватска, но кај нас цената на струјата е иста а за малите фирми е намалена за 20%, рече Николовски.

Директорот на агенцијата за енергетика за Бриф.мк изјави дека ако ги анализираме последните месеци на домашно производство на струја, имаме стабилност во производството што значи дека граѓаните не треба да стравуваат за поскапување на електричната енергија.

-Во месец февруари за 80% е зголемено производството на електрична енергија споредбено со истиот месец лани, рече Николовски.

-Во февруари годинава од домашните капацитети произведени се вкупно 504.338 MWh електрична енергија, и споредено со февруари 2022 година, кога производството на електрична енергија изнесувало 280.353 MWh, како што реков тоа е зголемување од 80%. Ако ја направиме истата споредба со месец јануари, разликата е 30% поголемо производство од јануари 2022 година. Согласно планот за 2023 година се предвидува зголемување на годишното производство на електрична енергија за 20% во однос на 2022 година. Во месец февруари годинава 90.2 % од вкупните потреби за електрична енергија за граѓаните, стопанството и индустријата се задоволени од домашно производство на електрична енергија, само 9.8 % од увоз. Сето ова е аргумент плус за одмрзнување на дневната евтина тарифа, но секако РКЕ прави анализи кои ќе покажат во која насока ќе се димензионираат следните мерки, вели Николовски.

На прашањето што го предизвика ова зголемување на цената на електричната енергија, Николовски одговори дека неизвесноста на пазарот ја предизвикува руската агресија врз Украина, па затоа во Европа цената на струјата се покачи и многу европски земји се соочија и со недостаток од електрична енергија.

-Со воведувањето на блок тарифи се наметна темпо домаќинствата рационално да ја трошат електричната енергија, па нема поскапување. Во најтоплиот летен период очекуваме повторно да се намали цената на струјата, а можно е и да се врати евтината тарифа, рече Николовски.

За разлика од нашата држава, каде цела зима и пролетта цената на електричната енергија е иста, во речиси сите земји во соседството расте цената на електричната енергија.

Последна земја која најави поскапување на цената на струјата е Косово, каде цената на електричната енергија ќе се зголеми за 15,4 % од утре, 1 април. Одборот на директори на косовскиот регулатор за енергетика (РЕК) вчера одлучи од 1 април цената на струјата во Косово да се зголеми за 15,4 отсто. Претседателот на РЕК, Имер Фејзулаху, изјави дека зголемувањето на цената е неопходно за да се обезбеди 24-часовно снабдување со електрична енергија на Косово.

Граѓаните на Србија од мај ќе плаќаат осум отсто повисоки сметки за електрична енергија, а повисока цена ќе има и гасот, иако и Владата на Србија излезе со низа на мерки, слични како тие на нашата Влада во обид да се намали влијанието на поскапувањето, но очигледно тие мерки се задоцнети.

Цените на струјата во Бугарија и особено во Грција се значително повисоки од земјава, а нивните Влади дури сега започнуваат со мерки и програми за намалување, за кои е незивесно дали воопшто ќе имаат ефект.

Извор: Бриф.мк

Tags: Дарио Николовскиелектрична енергија
Next Post

Од автокефалност до руски клон

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk