Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Биљана и Жанета се Шарлини кои паднале во депресија, откако откриле дека Алберт од Македонија има ненормално голема плата. Односно албертите кои тука ги викаат министри и премиери. Директори и секретари. Всушност, сите што не се обични граѓани. Принцезите на мртвото новинарство, чија деоксирибонуклеинска киселина е пронајдена врз мртвото тело на журнализмот, а отпечатоци од прстите на нивните рацете врз вратот на жртвата, се под строга контрола на здравствените служби во Нордот, понеже е утврдено дека можат да посегнат и по сопствените животи. А некои доктори тврдат дека можат да бидат опасни и по околината. Македонските алберти се евакуирани, а нивните високи плати со посебен авион на владата, се однесени на сигурно. Офаманаман дознава дека ербас со македонски регистерски таблички вчера слетал на аеродромот „Тодор Александров“ во Белизе.
Не знам дали ќе ми верувате или нема да ми верувате, всушност, не ми е гајле, но еве, почитувани, има неколку дена како не се чувствувам добро, морам да кажам.
Балашевиќ кај Ива, растура:
„Не ломите ми багрење“
„Власт е власт,
Чест е чест.
И јас сето тоа го почитувам.
Тука се параграфи, па заграби,
Нека биде исто и на ѓаволот и ѓаконот.
И сѐ е по закон.
Тука се параграфи, па заграби чесно.
И за вера и за невера.
Ред е ред.
Сето тоа јас го почитувам.
… И се претера…”
Биљана нѐ повика сите да се засрамите.
Не знам за вас, но јас умрев од срам.
„Што двете раце ми висат, безработни (освен кога мастурбирам, м.з.), без некаква вистинска смисла дадени, што не сум свесен со која цел сум дошол на овој свет, дека тоа не е да ги засмејувам функционерите, да ги лутам, да ги збеснувавам, дека има нешто друго што сум тука, во ова време и простор, да го делам ова парче земја и небо, со властодршците, кои очекуваат рацете во вистинската насока да ги користам, нешто навистина да почнам да работам, да се стопам во овој мравјалник од луѓе раздвижени низ целата оваа земја и да обезбедам пари за платите на Нивните Екселенции.“
Па нели е ива, пардон, ова, трогателно.
Неиздржливо трогателно.
Сѐ што можам да кажам е дека моите дркаџиски раце од денеска се во служба на нивните екселенции.
Втората Шарлин од Нордот е троа бесничка, понеже и нејзините алберти се бесни и незаситни.
Освен тоа Жаки има и еден поширок поглед.
Џитнете еден „ксанакс“ од пет милиграми, почекајте десетина минути активната супстанца да ви влезе во крвта и проследете го овој крајно вознемирувачки текст.
„Оваа држава е направена и скроена за да им одговара на газдите на кафаните, коцкарниците, такозвани градежни инвеститори, новокомпонованите претприемачи на насади со марихуана (за лекување де), политичарите и нивните семејства што жени, што мажи и нивните дребни дечиња, за лидерите на партии, квазинародните парламентарни избраници и нивните тетки и чичковци, и секако, за криминалците, мафијашите и ситните измамници. Почесно место на долниот дел од оваа скала им припаѓа на подлизурковците и извршителите.
Оваа земја не е ниту еден сантиметар искроена за граѓаните и никако не им служи нив. Граѓаните се жртви на својот глас на избори и на стресот што го „уживаат“ секој ден оти угоре е високо, а удолу е длабоко.
За мафијашите и кафанџиите не може да се даде пријавата за казна, оти се недостапни. Пајаците не ги гледаат големите коли паркирани на сред улица, инспекциите не слушаат, не гледаат, не реагираат на ништо. Никој за ништо не е надлежен, а најмалце државата е надлежна за државните работи. Најлесно е да се прогласиш за ненадлежен, освен кога се работи за платата на политичарите – е тогаш е надлежна и може 78 % покачување на плата, ама за медицинските сестри не баш до толку, за култура никако, за образование и полиција само во трагови, да не им се слоши од многу пари.
И додека тонеме во катарза на хаос и бес, секој ден имаме по уште едно убиство, исчезнување, тепачка, прегазени луѓе на пешачки, пукање, нерешени мистерии и застарени судски случаи.
И шо рековте ЕУ, тра лала, реформи тралала, ние сме лидери во регионот бла ла ла. Не ве слушам од драњето од кафани и од клубовите. Таму, во зачадените одаи што смрдат на цигари, евтина храна и алкохол, но најмногу на сиромаштија и очај, таму сте најглавни, тоа навистина ви верувам.
Туку си мислам, можеме ние и подолу.“
Кме, кме, кме – така би реагирал Зоран Кесиќ на оваа срцераспарчителна баналика со граѓански папок и троа неписмености на Жаки.”
Ова со смртовите на пешачките премини и за тепачките и кафеаните што смрдат на цигари и алкохол, е врв на поетскиот лиризам во мртвото новинарството.
Но, тоа не е сѐ.
Нека за крај на оваа издание на „Маседониа Гот Талент“, да го чуеме завршното обраќање на Ива која ја остави публиката и жирито со Тричковски во претседателската фотеља, без зборови.
„Од вас се очекуваат ударнички денови и ноќи, вие морате да се освестите дека заработувате за нив, да работите деноноќно, веќе малку се две смени, дури и третата не е од никаква корист, треба повеќе, многу подобро, сериозно да се засучат ракавите. Ако сакате да живеат како богови, ако сакате да се смилуваат вие да можете да преживеете.
А како мислите да ги издржувате сите оние политичари кои со одлука на Уставниот суд ќе земаат којзнае колку поголеми плати од вас? Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека и тоа е борба против корупцијата. Ако е тоа така, тогаш нема никаков проблем, се што треба, ако треба – тука сме, луѓе сме. Тогаш да ви ги префрламе секој месец нашите плати на вашите сметки, нашите куќи и станови да ги запишеме на вашите имотни листови, нашата облека облечете ја, затрупајте се, накитете се, нека ви никнат уште два милиони раце и нозе, за да има каде да се распореди сѐ што ќе се зграби, о знаете што? Никогаш не е доволно, никогаш не е доста.“
Возбудата што ме обзема не ми дозволува да се впуштам во подлабока анализа на овие феноменални согледби на двете македонски шарлини, ова е хусерлска феноменологија измешана со сартровски егзистенцијализам на лакановски начин, хахаха, таа патетика, тој популизам во најдобрата смисла на зборот, таа грижа за човекот, таа антиестаблишмент поза, сѐ е тоа така модерно, овие жени се тоа што Маркузе беше за студентите во ‘68.
Јас има само една забелешка, сосема спротивна на тезите на шарлините:
Македонија е направена по мерка на граѓаните на начин кој го убива нивниот талент, вообразба, имагинација и трудољубивост, грижата за себе.
Македонија е по мерка на граѓаните кои, главно, не работат ништо.
Што е подобро отколку кога работат погрешно.
Горниот социјален дел на општеството не се многу разликува од таквите во другите општества, но граѓанскиот дел е чиста катастрофа.
Можеме да го жалиме, се разбира.
Но, граѓанскоста, односно културата и одговорноста, се работи кои со морализирања и морални паники, не се решаваат. Обратно, се влошуваат. За тие работи е потребно време, трпение и многу работа.
Обраќањето на дамите на мртвиот журнализам носи смртоносна порака, не спасителна. Јас им препорачувам да се запрашаат од која нова вредност извираат нивните плати. Додека размислуваат, јас ќе им кажам: нивните плати не се заработени. Нивната работа е блаблабла и тралала. Кога реалноста на нивната плата би била мерка за сите плаќања, најлошиот министер би требало да прима милион евра неделно.
И тоа ќе му биде малку.
Хахаха!