Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Словенија.
Ковачевски ќе биде пречекан со највисоки воени почести во замокот Брдо кај Љубљана од страна на словенечкиот премиер Роберт Голоб со кого потоа ќе има тет-а-тет средба по што двајцата премиери ќе потпишат заедничка декларација за зајакнување на соработката меѓу двете држави. По потпишувањето на декларацијата, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција. (линк).
Предвидено е да се одржи и билатерален состанок на двете делегации. Во состав на македонската делегација е и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
По средбите во замокот Брдо, премиерот ќе се сретне и со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, како и со вицепремиерката и министерка за надворешни и европски прашања Тања Фајон и со министерката за дигитализација Емилија Стојменова Дух.