ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Заминувањето на Мило Ѓукановиќ, некрунисаниот цар на Црна Гора

April 3, 2023 15:10
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Има повеќе од 20 години како со колешка штотуку вратена од дописништво во Црна Гора полемизиравме за политичката сцена во Подгорица. Таа беше „миловист“, аргументирајќи дека Мило е се што е прогресивно за црногорците и дека е единствената опција која може двомилионскиот народ да го поведе напред.

Денес гледаме каде е Црна Гора и колку напреднала во изминатите децении и ако треба да се направи резиме на периодот на Мило Ѓукановиќ, тогаш несомнено главната дефиниција ќе биде сивата зона во која битисуваше оваа мала приморска држава и организираниот криминал и корупција како константа која како рак ги јаде балканските држави, вклучително и членките на ЕУ кои се географски во регионов а геополитички се дел од Унијата.

„Никој кој сериозно се занимава со политички анализи не можеше да поверува во победата на Ѓукановиќ. Во прашање беше само големината на изборниот пораз, а тој е убедлив со речиси 20 проценти разлика“, пишува во денешното интернет издание колумнистот на Ал Џезира.

Мило Ѓукановиќ е на власт од 1989 година. За сите овие 34 години, тој успешно избираше и фрлаше облека по потреба – и секогаш опстојуваше политички.

„Не знам зошто Ѓукановиќ, кој до вчера беше непоразен во политичките битки, избра да биде тој што ќе влезе во веќе изгубената битка, но сигурно е дека неговиот конечен политички крај се случи синоќа“, наведува колумнистот.

Ако случајно победеше вчера, Ѓукановиќ ќе го надминаше Јосип Броз Тито по должината на времето кога владееше со Црна Гора (Тито беше на власт 35 години).

Ѓукановиќ за негови најголеми успеси ги смета прогласувањето на црногорската независност, односно излегувањето од државниот сојуз со Србија и воведувањето на Црна Гора во НАТО. За време на владеењето на Ѓукановиќ, Црна Гора, заедно со Македонија во октомври 2008 година први го признаа Косово.

Ѓукановиќ ја започна својата политичка кариера во 1979 година како член на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија. Тој беше поддржувач на Слободан Милошевиќ и набрзо стана еден од лидерите на социјалистичка Црна Гора. Во 1991 година Сојузот на комунистите на Југославија го смени името во Демократска партија на социјалистите (ДПС) на Црна Гора, чиј член беше и тој, а во 1998 година беше избран за нејзин претседател. Оддалечувањето од Милошевиќ доведе до поделба на ДПС на оние предводени од него и други предводени од Момир Булатовиќ. Од таа поделба се роди Социјалистичката народна партија предводена од Булатовиќ.

Ѓукановќ дојде на власт на 29 години, во време кога Југославија се распаѓаше. Тој стана единствениот лидер во овој регион кој континуирано е на власт од 1990-тите.

За време на неговите три децении на власт, медиумите го обвинуваа Ѓукановиќ за шверц на тутун во Црна Гора, но тој никогаш не одговараше кривично. Овие обвинувања се поткрепени со извештајот на италијанската полиција во 1993 година, во кој се наведува дека Црна Гора била дел од шверцерски синџир поврзан со сицилијанската мафија и криминалните семејства.

Во јуни 2007 година италијанската агенција Анса го обвини дека водел група која шверцувала цигари меѓу Црна Гора и италијанскиот регион Пуља и заработила десетици милиони евра во периодот од 1994 до 2002 година. Две години подоцна, истрагата беше прекината бидејќи Ѓукановиќ како премиер беше заштитен со имунитет.

Во мај 2011 година, пратеници од црногорскиот парламент поднесоа кривична пријава против него и уште тројца политичари, обвинувајќи ги дека ја оштетиле државата за 800 милиони евра при приватизацијата на Комбинатот за алуминиум во Подгорица. Пет години подоцна, политичарот Јанко Вучиниќ од Демократскиот фронт во тужба изјави дека тие се одговорни што не им исплатиле отпремнини на работниците од оваа компанија кои заминале во пензија.

Во 2012 година невладината организација „Мрежа за афирмација на невладиниот сектор“ (МАНС) против Ѓукановиќ поднесе кривична пријава до Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесување штета на државата. Тврдеа дека Мило влијаел на одлучувањето во Собранието на Црна Гора кое било во интерес на Прва банка, во која тој е косопственик.

Посочија дека тој е одговорен за носењето на законот со кој се овозможи префрлање на државните средства во банката, како милиони евра од докапитализацијата на Електропривреда на Црна Гора. Беше наведено и дека неговиот брат Александар како мнозински сопственик неотповикливо си ги доделил тие средства во вид на заеми. Во таа прилика Ѓукановиќ изјави дека невладините сакаат да го обвинат за се што не е добро во Црна Гора и дека му упатуваат грозоморни обвинувања.

Во септември 2012 година, Ѓукановиќ беше сослушан од парламентарната Анкетна комисија за истрага на коруптивни практики при продажбата на Телеком. Тој рече дека нема никакви неправилности и дека ова е една од најдобрите приватизации во Црна Гора.

Семејното богатство на Ѓукановиќ е проценето на 185,2 милиони долари, а личното богатство на сега екс шефот на црногорската држава на 14,8 милиони долари, па во мај 2010 година беше на 20-то место на листата на „Форбс“ на најбогати претседатели. Во описот стоеше дека „потеклото на неговите пари е мистерија“.

Ѓукановиќ е роден во Никшиќ, каде што завршил основно и средно училиште, а универзитет во Подгорица. Зборува „црногорски“ и руски, по вероисповед е православен. Оженет е со Лидија, со која го има синот Блаж.

Губењето на власта на Ѓукановиќ не се случи преку ноќ. Тоа беше пад кој траеше најмалку две и пол години. Со секој следен изборен циклус, од државната власт до локалното ниво, се намалуваше моќта на Ѓукановиќ.

Аналитичарите предвидуваат дека претседателските избори во Црна Гора се само увертира за многу поважните, парламентарните во јуни и дека Ако „Европа сега“ оствари исто така добар резултат како Јаков Милатовиќ на претседателските избори, нема сомнеж дека Црна Гора ја очекува крунисување на нов „император“.

Подготви: С.К. / НоваТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Мило ЃукановиќЦрна Гора

НАЈНОВО

Фото: Скопје синема сити

Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски

July 3, 2025

Концертна промоција „FIN Project“ и Тања Царовска на албум „Егрегор“

July 3, 2025

Тренчевска: Со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери и субвенции

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски воени злосторства: „Врзан за мотоцикл и влечен“ – Русија веројатно егзекутирала уште еден украински воен заробеник, вели омбудсманот Лубинец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk