ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Спасовски: Границите на С. Македонија и на целиот регион се контролирани

April 4, 2023 14:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ги развива своите капацитети за соодветен одговор во сузбивањето на организираните криминални групи, континуирано подобрување на меѓународната соработка со посебен акцент на соседните земји преку склучување мултилатерални и билатерални договори за соработка при спроведување на истраги за криумчарење на мигранти.

Ова го истакнал денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Порторож, Република Словенија, каде учествуваше на двете сесии од 11. Неформален состанок на министри за внатрешни во рамки на Брдо процесот, со обраќања и одговори на прашања од организаторите.

Во рамки на првата сесија насловена „Патот напред кон регионалната соработка во борбата против криумчарењето мигранти“, Спасовски нагласил дека како МВР ја поддржавме иницијативата на Република Словенија за воспоставување мрежа на национални контакт точки за да се насочи и координира размената на оперативни информации, особено и од аспект на активностите при формирање заеднички истраги за сузбивање на меѓународни организирани криминални групи.

– Предлогот за вклучување на други надлежни органи, односно јавното обвинителство кое како институција има огромна важност во размената на искуства, модус операнди, исто така, го подржуваме, имајќи превдид дека јавниот обвинител може значително да придонесе во продлабочување на меѓусебната оперативна соработка и во ефективност на истрагите кои што ги спроведуваме и тоа не само во областа на криумчарење мигранти, рекол Спасовски, соопштија од МВР.

Во однос на употребата на наменски аналитички алатки, тој напоменал дека во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во тек е унапредување на интегрираниот пристап на меѓу-институционална размена на податоци.

Според него, континуираното унапредување на аналитички системи од конкретни позитивни пракси е секогаш добредојдено и во оваа насока, посочил, ја поддржува и одлуката на директорите на полициските служби за користење на платформата ‘шеар поинт’ (Share Point).

Министерот Спасовски констатирал дека соработката со словенечките експерти се продлабочува и дека е полезно да се искористи нивната експертиза и искуство за унапредување на постоечките капацитети за водење на истраги и сигурна размена на податоци меѓу надлежните национални служби, побрзо идентификување на криумчарите на мигранти и откривање на членови на организирани криминални групи.

Во втората сесија на тема „Кон холистички пристап за управување со враќањето и соработка за реадмисија со акцент на доброволно враќање и реинтеграција“, Спасовски ја истакнал досегашната поддршка на меѓународната заедница, особено на Европската комисија и земјите членки, кои имаат огромен удел во оперативното постапување и брзата и навремена размена на податоци, како и во зајакнувањето на прекуграничната соработка.

– Време е да кажеме дека границите на Република Северна Македонија и на целиот регион се контролирани и дека е постигнат значителен успех во управувањето со миграциите. Оваа премиса ќе важи кога – меѓу другото – ќе биде воспоставен ефикасен механизам за враќање, доброволно и присилно, во земјите на потекло, како еден од главните предуслови за ефикасно управување со илегалната миграција, ќе постојат ефикасни политики за реадмисија како важни аспекти на управувањето со миграцијата и областите во кои сите ние се соочуваме со сериозни предизвици поради неможноста ефикасно да се вратат дел од илегалните мигранти во нивните земји на потекло. Главната причина за овие предизвици е немањето договори за реадмисија или нивното неспроведување и неможноста да се утврди идентитетот на мигрантите, односно по официјален пат да се извршат соодветни проверки со надлежните служби во нивните матични земји, потенцирал министерот Спасовски изразувајќи благодарност до пријателите и експертите од Европската комисија и нејзините агенции, Фронтекс и Европол, за поддршката и пружената помош во борбата против илегалната миграција.

Tags: ГранициМВРСловенијаСпасовски
Next Post

Пленковиќ утре во Скопје, ќе се сретне со државниот врв

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk