„На денешен ден, пред 6 години, сопственикот на „Доказ” се обиде на нечесен начин, преку уцена, да добие пари, мислејќи дека од дијаспорец лесно ќе дојде до пари. Ама не ги доби и почна да пишува глупости против мене. Па виде дека не реагирам и се откажа!“, пишува во објава на Фејсбук, Ацо Лукароски.
„Сега се случи тоа што се случи. Не сакав да пишувам за ова додека судот не го каже тоа што го кажа!
Карма ис а бич!“, додава Лукароски.
Вчера Основниот кривичен суд Скопје, на сопственикот на порталот „ДоказМ”, Марјан Стаменковски, му изрече единствена казна затвор од три години и еден месец и парична казна од пет илјади евра.
Судот објави дека Стаменковски е виновен затоа што преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, со намера да прибави за себе лична корист по пат на закани и уцени кон повеќе лица, ширел расистички и ксенофобичен материјал во јавноста.
Ј. Ѓ.