Северна Македонија предвидува дека до 2032 година ќе потроши најмалку 900 милиони евра за модернизација на Армијата. Предвидено е да го замениме старото оружје од советско и југословенско производство со ново и софистицирано западно оружје. Сумата не е фиксна, но е проценка на трошоците во наредните години, рече неодамна министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Третина од буџетот за одбрана на Северна Македонија, кој годинава изнесува рекордни 275 милиони евра, сега е наменет за модернизација.
Но, значителен дел од големите набавки нема да се реализираат со буџетски пари, туку со помош на НАТО сојузниците, при што САД се најголем финансиер со над 135 милиони долари веќе одобрени за земјава во текот на претходната година.
За тоа дали се потребни толку високи финансиски средства за вложување во Армијата, универзитетскиот професор и доктор по науки од областа на безбедноста, Методи Хаџи-Јанев во разговор за „Локално“ дека тоа воопшто не е многу, потенцирајќи дека мирот е скапа работа.
-Следно, мис-концепциите кои ги генерираа дел од политичките лидери во изминатите години, особено неколку години пред членството, дека со влегувањето во НАТО ќе имаме условно, „Ханимун“ и дека само НАТО ќе нé брани, а ние ќе уживаме се неточни и претпоставувам беа дел од целата политичка кампања да се поддржи жртвата која требаше да ја дадеме. Без да навлегуваме во оценка на оправданоста за таквите пристапи, едноставно ќе подвлечам дека за жал тоа е цената која сега ќе треба да ја платат сегашните лидери и да објаснат како тоа несреќно се злоупотребува за анти-НАТО кампањи и како во услови на светска криза од поинакви размери ќе треба да се соопшти на јавноста вистината за членството во НАТО, која морам да подвлечам е генерално позитивна и тука за мене нема дилема, објаснува Хаџи Јанев.
За да нештата станат појасни, вели тој, ако не сме членка на НАТО, цената која ќе мораме да ја издвоиме за да ги подигнеме одбранбените капацитети ќе бидат неколкукратно поголеми.
Целиот разговор на следниот линк!