ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Транспарентноста е клучна за сузбивање на корупција – дигиталниот асистент ќе помогне во тоа

April 10, 2023 20:52
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во сегментот за борба против корупција во извештајот на Стејт департментот стоеше еден дел кој што се однесува на делењето на државната помош и поддршка на инвестиции во кој што се викаше дека транспарентноста е клучна за сузбивање на појавата на корупција и дека елиминацијата на истата ќе биде императив и треба да биде императив на Владата. И денеска нормално, одговорот го најдовме во дигиталниот асистент базиран на вештачка интелигенција АДА, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на презентацијата на дигиталниот асистент АДА.

Тој додаде дека дигиталниот асистент АДА е креиран од домашна старт-ап компанија Кодвел, што е потврда дека нашите млади можат и знаат и дека може тоа знаење да го покажат и во нашата татковина.

Денеска со нас тука се Мартин, Фросина, Вурата, Зојче и Нино, а другиот дел од тимот кој што работеше на апликацијата знам дека се во канцеларија и се грижи дека се ќе помине денеска во најдобар ред. Навистина сум горд на тоа што го направивте за вашата држава. АДА е креација на Фросина и Вурата, кои работеа на целиот контент, или содржина и сите сценарија која АДА ги нуди, која патем во моментов може да одговори на повеќе од 260 прашања и секако продолжува да учи и понатаму, објасни Битиќи.

Вицепремиерот истакна дека преку дигиталниот асистент, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори ќе можат да се запознаат со достапните програми и отворени повици на институциите кои се јавуваат како даватели на државна помош, и гарантира голема транспарентност, ефикасно и ефективно добивање на податоци за бизнисот во реално време 24/7 на три јазици, македонски, албански и на англиски.

Tags: АдаапликацијаБитиќидигитален асистенткомпанија Кодвелкорупцијамладитранспарентност
Next Post

Касами: Верувам дека уставните измени ќе се направат годинава

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk