ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Честување на лауреатот на СВП, Хусто Хорхе Падрон во Паркот на поезијата во Струга

April 11, 2023 15:13
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Струга, во Паркот на поезијата во 12 часот, НУМ „Струшки вечери на поезијата“ во соработка со Амбасaдата на Кралството Шпанија организираа свечен настан Чествување на лауреатот на СВП, Хусто Хорхе Падрон.

Во рамки на Програмата на настанот, во присуство на претставници на локалната самоуправа и љубители на поетскиот збор, свои обраќања имаа Тодорче Тасевски, директорот на СВП, како и Ернесто Хередеро дел Кампо, заменик шеф на Мисијата на Кралството Шпанија.

Тодорче Тасевски истакна:  „Особено значајно е овој настан да се случи токму во Струга и токму во Паркот на поезијата, покрај дрвото што го засади Хусто Хорхе Падрон во 1990 година. Ретки се земјите што можат да се пофалат со поетски фестивали со таква репутација како Струшките вечери на поезијата, фестивал кој ги има како лауреати најпознатите светски поети од втората половина на 20. век и првите декади на 21. век. Струга пак, е можеби единствен град во светот што го има и Паркот на поезијата како единствено сведоштво за присуството на големите поети, и по нивното физичко заминување од овој свет. Наша заедничка обврска е да го направиме место во кое поезијата ќе се слави постојано. Верувам дека денешниот настан е придонес кон таа цел“

Ернесто Хередеро дел Кампо во своето излагање потенцираше: „ Денеска му оддаваме почит на еден голем поет и голем човек. Но, исто така, и на човек што беше една од најсилните врски што ја обединуваат Шпанија со оваа прекрасна земја. Не претерувам ако кажам дека Хусто Хорхе Падрон беше еден од најистакнатите бранители на постоењето на оваа земја. Неговата љубов кон оваа земја се отелотвори не само во разновидните стихови и списи, туку и во цврстата одбрана, на сите фронтови, на идентитетот на оваа земја и нејзината културна големина.“

Специјални гости на настанот беа членовите на најблиското семејство на лауреатот: неговата сопруга Клеопатра Филипова де Хорхе Падрон, и Лара де Хорхе Филипова, нивната ќерка.

Сопругата на лауреатот, Клеопатра во своето излагање истакна : Денес е многу емотивен ден за мене и моето семејство бидејќи се навршуваат две години од заминувањето на нашиот сопруг и татко, шпанскиот поет , добитник на Златен венец на струшките вечери на поезијата,Хусто Хорхе Падрон.  Се собравме тука во Струга, светската метропола на поезијата, да изразиме почит кон овој голем пријател на Македонија кој беше вљубен во нејзината историја, традиција, природа а особено во нејзината поезија и нејзиниот народ.

Нашиот истакнат универзитетски професор и поет Иван Џепароски одржа беседа за Хусто Хорхе Падрон и неговиот придонес како пријател на Струшките вечери на поезијата

Во својата беседа тој подвлече: „Поезијата на Хусто Хорхе Падрон која брои околу 40 стихозбирки се чита преведена во околу 60 земји во светот, но Падрон е автор и на десетина книги есеи и поетски антологии, меѓу кои, како извонреден познавач на скандинавските јазици, ги приредува и поетските антологии на шведската, норвешката и на исландската поезија. Секако, за нас е најважна антологијата на македонската поезија, која под насловот „Антологија на современата поезија на Македонија“ (Antología de la Poesía Contemporánea de Macedonia) се објавува на шпански јазик во 1989 година. Падрон е автор и на книгата од 2016 година „Сјајот на Македонија“ (Fulgor de Macedonia), со што на особен начин ѝ оддава почит и на татковината  на неговата љубена сопатничка Клео, што се воочува и од повеќето песни посветени на убавините на нашата земја. Сепак, треба да се укаже и дека Македонија знаела да му се оддолжи на Падрон. На овој план, најмногу треба да се истакне важноста на преведувачот и на толкувачот на неговото дело кај нас, поетот и академик Матеја Матевски, и самиот, исто така, еден од добитниците на „Златниот венец“ на СВП.“

Во чест на Хусто Хорхе Падрон, беа прочитани негови стихови на шпански, на македонски и на албански јазик. Песните се дел од од монографијата за лауреатот, издадена во 1990 година, за која што приредувач беше големиот македонски поет Матеја Матевски, во соработка со Клеопатра Филипова де Хорхе Падрон.

Хусто Хорхе Падрон, лауреат на Струшките вечери на поезијата за 1990 година, но и голем пријател на Струшките вечери на поезијата е роден на 1 октомври 1943 година, а почина на 11 април, 2021 година.

 

Tags: СВПХусто Хорхе Падрон
Next Post
Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Заслепен од луксузот во Белата палата, Мицкоски не сака семејствата месечно да заштедуваат пари

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk