ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Инклузијата во спортот ја помага и инклузијата во општеството“

April 12, 2023 15:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Овозможувањето спорт за сите, преку отстранување на архитектонските и други видливи и невидливи бариери и инвестирање во опрема и посебни програми, не е само начин да се подобри животот и благосостојбата на луѓето со попреченост, туку и начин како општеството да станува подобро и поправедно”, истакна заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на отворањето на првиот инклузивен спортски саем „Спорт за сите”.

Овој настан се организира на иницијатива на вицепремиерката Грковска, а е поттикнат од минатогодишната евалуацијата на EPAS (Enlarged Partial Agreement on Sport), тело на Советот на Европа, кое претставува платформа за меѓувладина соработка на земјите-членки на полето на спортот. Потребата да се унапреди инклузијата во спортот беше една од главните забелешки на EPAS, чија евалуација опфати 40 институции и спортски организации.

„Почитувањето на начелата „Никој да не биде изоставен” и „Ништо за нас без нас”, треба да се водилки и во сите останати области. Бидејќи само со целосно почитување на човековите права и со широка вклученост на засегнатите страни кога се носат и спроведуваат мерки и политики, можеме да изградиме одржлив систем на добро управување, кој ќе функционира во интерес на сите граѓани”, изјави вицепремиерката Грковска, и ги охрабри присутните спортисти и спортски работници да се вклучат со свои коментари во подготовката на новата Национална стратегија за правата на лицата со попреченост 2023 – 2030, која во моментов е поставена на ЕНЕР.

Саемот се одржа во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации и во партнерство со Националните сојузи и организации на лица со попреченост.

„Лицата со попреченост многу често се соочуваат со бариери во секојдневниот живот, и за жал оваа целна група е генерално исклучена од скоро сите социо – економски текови. Во таа смисла, спортот претставува идеална средина каде што тие можат на еднаква основа со сите да се занимаваат со спортски активности без разлика дали се соочуваат со одредена попреченост или не. За да го засили позитивното влијание на спортот, а во насока на промовирање и на Целите за одржлив развој, УНДП во своите проектни активности е партнер со националните институции, спортските асоцијации и клубови за да обезбеди можности сите лица да се вклучат во одредена физичка активност на еднаква основа со сите”, потенцираше Армен Григорјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации.

Целта на настанот е да се поддржат отворените дискусии меѓу Владата и организациите на лицата со попреченост за пристапот до спортот на професионално и рекреативно ниво на еднакви основи како и другите. Во таа насока, со свои излагања се вклучија и министрите за образование и локална самоуправа, Јетон Шаќири и Ристо Пенов, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и Бранимир Јовановски, претседател на Параолимпискиот комитет на Република Северна Македонија. На саемот беа презентирани можностите за активно спортување на лицата со попреченост во неколку спортски федерации и спортски клубови. Учесниците ги споделија предизвиците со кои се соочуваат во своето работење, како и своите идеи за создавање услови за учество во спортот за сите граѓани.

Tags: Грковскаинклузијаспорт
Next Post

Охрид и Северна Македонија на најголемиот саем за туризам во Турција

Најново

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

Украински дронови ја нападнале руската нафтена рафинерија Сизрањ

April 22, 2026

„Метаморфозис“ го објави конкурсот за годишната награда „Илија Жупаноски“ за справување со дезинформации

April 22, 2026

Поранешна куќна помошничка поднесе тужба против Кајли Џенер за малтретирање и дискриминација

April 22, 2026

(ВИДЕО) Скандал во српското Собрание: Брнабиќ кон опозициски пратеник – „и ти си геј како и јас“

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk