ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

И во услови на криза за оваа година за капитални инвестиции се издвоени 800 милиони евра, двојно повеќе од претходната година

April 13, 2023 09:19
in PMD, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

„Доколку финансиите се крвотокот на економијата, тогаш инфраструктурата е ’рбетот на економскиот развој – таа го подобрува пристапот до услугите, креира нови работни места и ја поттикнува економската активност“, пишува во својата колумна од 8 април министерот за финансии Фатмир Бесими.

– И покрај кризата, годинава продолжуваме со заложбата за зголемување на инвестициите во трајни вредности коишто ќе придонесат за економски раст и развој. Годинава, капиталните инвестиции од Буџетот изнесуваат околу 800 милиони евра, или скоро двојно повеќе во однос на претходната година. Овие инвестиции ќе се финансираат со буџетски средства, преку ИПА фондови и со заеми. Портфолиото на јавни проекти коишто се спроведуваат во соработка со меѓународните финансиски институции, во следниот седумгодишен период се проценува на околу седум милијарди евра со дополнителна наша поддршка од Буџетот, образложува Бесими.

Во однос на патната инфраструктура, покрај четирите нови автопати ќе продолжи и  изградбата на делницата Ранковце – Крива Паланка, потоа делницата Крива Паланка до границата со Бугарија, како и на западниот дел од патниот Коридор 8, Кичево – Букојчани и Кичево – Охрид. Предвидени се средства и за изградба на автопатската делница Скопје – Блаце. Дополнително, преку Јавното претпријатие за државни патишта ќе се изработи урбанистички и основен проект за поврзување на Тетово со Призрен, Р. Косово. Годинава, за инвестиции во патната инфраструтура предвидени се околу 250 милиони евра.

Во однос на железничката инфраструктура, во 2023 година предвидено е да заврши реконструкцијата на Коридорот X, со поддршка на ЕБОР. Со овие активности ќе се подобри протокот на патници и стоки на оваа делница, ќе се намалат трошоците за одржување и ќе се осигури поефикасен и посигурен сообраќај. Предвидени се и средства за изградба и рехабилитација на првата и втората фаза од проектот за изградба и рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридорот VIII, односно Куманово – Бељаковце – Крива Паланка. Како што беше најавено неделава од страна на Железници на РСМ Инфраструктура, ќе се распише и тендер за последниот потег на пругата до Бугарија. Среднорочно, потврдено е и финансирањето на железничката пруга Кичево – Лин (Албанија) од страна на ЕБОР и ЕИБ. Годинава за овие активности се предвидени околу 39 милиони евра.

Во делот на енергетиката, ќе продолжи изградбата на гасоводната мрежа и интерконекторот со Грција. Воедно ќе се работи и на заокружување на гасоводниот преносен систем на ниво на цела држава на среден рок. Исто така, предвидени се инвестиции во обновливи извори на енергија, соларна енергија и ветерна енергија, при што во тек е меѓународен тендер за изградба на хидроцентралата „Чебрен“ преку ЈПП. Ќе продолжи и проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, со кој ќе се финансираат енергетски ефикасни проекти во општините. Со ова ќе се обезбеди енергетска транзиција кон чиста енергија и зголемување на енергетската независност на земјата.

Во областа комунална инфраструктура и управување со отпад ќе продолжи, со  интензивирана динамика, изградбата на водоводни и канализациски системи во општините, финансирано од сопствени извори и средства од ЕИБ. Исто така, предвидени се средства за Регионалниот проект за управување со цврст отпад со поддршка од ЕБОР, со кој е предвидено воспоставување регионални системи за управување со отпад во Југозападниот, Полошкиот, Вардарскиот и Југоисточниот Регион. Со средства од ЕИБ и ЕБОР предвидено е да се финансира и еден од најголемите проекти во земјава од областа на животната средина – Пречистителна станица за отпадни води Скопје. Со средства од ИПА ќе продолжи и рехабилитацијата и надградбата на пречистителните станици во Кичево, Битола и Тетово.

Во текот на годината ќе продолжи реализацијата на повеќегодишниот успешен Проект за подобрување на општиниските услуги преку спорведување капитални проекти, чија единица за реализација функционира во рамки на Министерството за финансии.

Во здравствениот сектор планирани се инвестиции наменети за изградба и реконструкција на јавни здравствени установи и набавка на медицинска опрема, меѓу кои и реконструкција на општата болница во Кичево.

Во областа на образованието, детската заштита и спортот проектирани се капитални инвестиции наменети за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, детски градинки, изградба на училишни и спортски сали, реконструкција на ученички и студентски домови, опремување и реконструкција на универзитетите, како и инвестиции во спортска инфраструктура. Со цел подобрување на пристапот до социјалните права и услуги, како и проширување на капацитетите за предучилишно згрижување и воспитување преку изградба на нови и пренамена на веќе постоечки објекти за предучилишни институции, во 2023 година продолжува реализацијата на Проектот за унапредување на социјалните услуги.

Предвидени се и значителни капитални инвестиции за рурален развој, изградба на хидросистеми и за подобрување на конкурентноста и модернизација на земјоделските стопанства.

– Треба да се стремиме кон концептот „да ја донесеме Европа дома“ на нашиот пат кон ЕУ. Овој концепт ќе придонесе за унапредување на животниот стандард на нашите граѓани и реализација на нашите стратегиски цели во поглед на евроатлантските интеграции. Сè она што е погоре напишано е во функција на оваа заложба, односно преку СМАРТ стратегии побрзо да се реализираат зацртаните цели. Инвестициите во инфраструктурата секако се дел од паметното управување, бидејќи инвестициите во инфраструктурата имаат мултипликативен ефект за економијата и многукратни придобивки за граѓаните и општеството, потенцира министерот за финансии Фатмир Бесими.

Преземено од Рацин.мк
Tags: Бесимиинвестиции
Next Post

„Билд“: Садио Мане му удри шлаканица на соиграчот Лерој Сане по мечот со Манчестер сити

Shortcut

Најново

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра

September 11, 2026
New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk