ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Градењето, одржувањето и управувањето со системите за безбедност и здравје на работното место, мора да бидат задача и приоритет на сите

April 26, 2023 14:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод одбележување на 28 април -Светскиот ден на Безбедност и здравје при работа, на Машинскиот факултет, Скопје денеска се одржа настан :„Младите истражувачи во функција на безбедна и здрава работна средина како фундаментален принцип и право на работниците за пристојна работа”. На настанот се обратија министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, Националниот координатор на Меѓународната организација на трудот (МОТ), Емил Крстановски и претседателката на Националниот совет за безбедност и здравје при работа, Јасмина Чалоска.

Министерката Тренчевска на почетокот на своето обраќање изрази задоволство за можноста да ги слушне излагањата на младите истражувачи, магистранти , докторанти и студенти чие учество во оваа значајна трудова област даваат значаен придонес.

„Ова е навистина одлична прилика на овој настан поддржан од Советот за безбедност и здравје при работа, да можеме и подиректно да се запознаеме со дел од темите и областите на кои работат младите истражувачи во областа на безбедност при работа и медицина на трудот на факултетите низ државата. И на кој начин тие истражувања, студии и трудови ќе можат понатаму да најдат своја реална примена во развојот на безбедноста и здравјето при работа во нашите компании. Од особено значење е тоа што овие млади луѓе стекнатото знаење ќе го пренесуваат понатаму или во компаниите каде ќе работат или на образовните установи едуцирајќи нови генерации на стручни лица и експерти по безбедност при работа и медицина на трудот,” истакна Тренчевска.

Министерката посочи дека оваа година одбележувањето на Светскиот ден на БЗР е специфично и по една друга своја особеност. А тоа е фактот што оваа година денот го одбележуваме во услови кога правото на здрава и безбедна работна средина, од страна на Меѓународната организација на трудот, е признаено и е вклучено како фундаментален принцип и право на работа, давајќи му ја со тоа на ова право истата важност и значење како и останатите досегашни четири принципи и права на работниците кои се од суштинско значење за постигнувањето на тоа што сите ние го нарекуваме „пристојна работа”.

Правото на безбедна и здрава работна средина на работниците станува подеднакво значајно со останатите принципи и права при работа, како: правото на слобода на здружување и колективно договарање, елиминацијата на сите форми на принудна работа,ефикасното искоренување на детскиот труд и елиминацијата на дискриминација при вработувањето и работата.

„Со ова уште еднаш и тоа на меѓународно ниво, поддржано од организацијата која ги поставува и промовира меѓународните трудови стандарди, е потенцирано суштинското значење и улогата во современиот свет на работата, токму на безбедноста и здравјето на работното место и развивањето на културата на превенција која ќе придонесе до тоа работните процеси и условите во кои работат нашите работници да не бидат опасни или штетни по нивното здравје или безбедност,” истакна Тренчевска.

Таа посочи дека, градењето, одржувањето и управувањето со системите за безбедност и здравје на работното место, мора да биде задача и приоритет на сите релевантни актери во областа на БЗР. И сите заедно треба да работат активно, секој во својот домен и во рамките на своите надлежности и можности, за да се обезбедат посигурни, побезбедни работни места за сите работници.

Tags: МТСПТренчевска
Next Post

Апелација ја одби жалбата на Жан Митрев

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk