Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје и Здружението на новинари на Македонија го одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите со организирање на крводарителска акција.
Акцијата ќе се одржи во просториите на Црвен Крст на град Скопје (Даре Џамбаз) на 3 мај (среда) 2023, од 08:00 до 14:00 часот.
По повод Светскиот ден на слободата на медиумите во 11 часот изјави за медиумите ќе дадат евро-амбасадорот Дејвид Гир, претседателот на ССНМ, Павле Беловски, претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски и секретарката на Црвениот Крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска.