ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Маричиќ: Покажавме дека Владата знае да го цени работникот

May 1, 2023 13:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Први мај означува важна пресвртница во развојот на општеството и е симбол на борбата за работничките права и солидарност, која денес е наш поттик на патот кон зајакнување на работничките права, безбедноста на работното место и создавање подобри услови за работа, како и фер и праведен систем на плати, објави на Фејсбук вицепремиерот задолжен за европски прашање Бојан Маричиќ.

– Изминатите години покажавме дека Владата знае да го цени работникот и дека неговиот труд мора да се плати. Презедовме бројни системски мерки насочени кон подобрување на положбата на работниците, со кои го вративме нивното достоинство, рекордно ги зголемуваме платите во сите сектори и го намаливме бројот на невработени, наведува Маричиќ во објавата.

Тој потенцира дека ова е ден кога мораме со посебен пиетет да се сеќаваме и на оние генерации кои напорно и посветено работеа во градењето на нашата земја и кои обезбедија напредок на македонското општество.

– Преку постојан, социјален дијалог, работиме секоја донесена политика да води кон подобрување на животниот стандард, а зголемувањето на платите и пензиите ќе останат еден од нашите клучни приоритети и во иднина. Пред нас е период во кој заедно треба да работиме на европската интеграција која уште повеќе ќе ја подобри социо-економската средина која ќе овозможи нови работни места, особено за младите и ќе го подобри животниот стандард на секој граѓанин, наведува Маричиќ.

Тој истакнува дека обединети околу најважната цел, ќе ја продолжиме борбата за нашиот со децении обележан пат – стабилна и просперитетна Северна Македонија.

– Владата останува сигурен партнер на синдикатите и здруженијата на работниците во борбата за нивните права. Работници и работнички нека е честит Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, додава Маричиќ во објавата на Фејсбук.

Tags: 1.мајМаричиќ
Next Post
Фото: Фејсбук

Груби: Прогнозите се дека „Бехтел и Енка“ ќе ангажира над 70 отсто локална работна сила

EVN

НАЈНОВО

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео X

Трамп потврди: Ормускиот Теснец е целосно отворен за пловидба

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео BBC

Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Критичната атлантска струја е пред колапс: Научниците предупредуваат на катастрофални последици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk