Украинската војска тврдат дека руските сили почнуваат со подготовки за потенцијална евакуација на регионот Запорижја. Делови од регионот се окупирани од руските сили од февруари минатата година, кога градот Бердјанск падна под руска контрола. Сепак, главниот град, под истото име Запорижја, остана во рацете на Украина, пишува Кијив Индипендент.
Според силите на отпорот, окупаторските власти подготвиле план за евакуација на персоналот и нивните семејства во привремено окупираните области во регионот Запорижја, објави Националниот центар на отпорот, основан од украинската војска.
Тие објавија и дека руските сили даваат инструкции за уништување на документи и воена опрема.
Украина се уште се подготвува за својата пролетна офанзива, во која делови од регионот Запорижја би можеле да станат следно бојно поле. Неодамна беше објавено дека Украина ротираше некои нови единици во регионот.
Г. Т.