Властите на Јужноафриканската Република воделе преговори со Москва да изнајдат начини рускиот претседател Владимир Путин да учествува онлајн на самитот на БРИКС што ова лето ќе се одржи во Преторија, објавија странските медиуми. Причина е налогот за апсење на Путин издаден од Меѓународниот кривичен суд по обвиненија за воени злосторства во Украина.
ЈАР е една од низата земји кои го имаат потпишано Римскиот статут што ја обврзува да ги исполнува решенијата на МКС.
Немаме варијанта да не го уапсиме Путин. Ако тој дојде, ние мора да го уапсиме, изјави Алан Винде, опозициски премиер од партијата Демократска алијанса (ДА), која управува со провинцијата Западен Кејп, каде ќе се одржи самитот.
Претседателот на ЈАР, Сирил Рамапоса, минатата недела именувал специјална владина комисија раководена од потпретседателот на земјата, која разгледувала начини како да дејствува власта во случај на налог за апсење на Владимир Путин.
БРИКС е кратенка од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканска Република, кои се наметнуваат како земји во брз економски развој и противтежа на високоразвиените економии како САД, ЕУ или Јапонија.
Неименувани високи службеници потврдиле дека за тоа се водат преговори меѓу Преторија и Москва.
МКС налогот за апсење на Путин го издаде по обвиненија до Кремљ за противправна депортација на украински деца.
Г. Т.