ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Маричиќ: Досега нема проширување на сетот прашања за уставните измени

May 2, 2023 14:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Динамиката во работната група за уставните измени треба да ја споделат колегите кои се таму, но она што знам е дека до сега нема тема со која се шири сетот на прашања, кои се разговараат за уставни измени. Што постриктно се држиме до обврските од преговарачката рамка, тоа подобро, изјави денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, одговорајќи на новинарско прашање, по почетокот на информативната кампања за ИПАРД 3 програмата.

Маричиќ смета дека ние имаме доволно елементи и во Уставот и во заклучоците на Собранието за заштита на нашиот јазик и идентитет, и до сега, како што рече, сме покажале на дело дека ги штитиме соодветно.

-Но, претставниците и експертите имаат легитимно право да ги отворат прашањата и да се разговара, па дури и опозицијата која не номинираше претставници за работната група, има легитимно право да ги отвора овие прашања. Ние сме подготвени за дијалог на оваа тема, додаде Маричиќ, во одговор на прашањето за тоа дали со уставните измени се предвидени и некакви дополнителни промени во преамбулата.

Во однос на денешната средба со шведската министерка за ЕУ и Нордиска соработка, Јесика Росвал, Маричиќ потенцираше дека Росвал ја истакнала поддршката, заинтересираноста и вниманието на Шведското претседателство на настаните во Северна Македонија, на реформите и на текот на скринингот, но и на процесот на уставните измени.

-Јас ја информирав дека е започната работата на работната група на уставните измени и дека во наредниот период очекуваме да продолжи и да даде резултати на брз рок. Секако ја замолив, доколку има можност, да разговара со сите политички актери кои што сносат одговорност за овој процес, да заврши успешно годината и да испрати јасна порака на сите актери, а тоа е дека нашите обврски се дефинирани со преговарачката рамка и дека нема ниту време, ниту простор, да се преговара повторно на таа тема, додаде Маричиќ.

Tags: Маричиќуставни измени
Next Post
Wikipedia

Концерт на трио „Џентлмен“ во Струга

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk