Граѓаните на дел од државите од регионот со декади чекаат за да го почувствуваат бенефитот на побрзата конекција што ја носат модерните автопати и коридори. Без разлика дали се работи за делници во една земја или онакви што овозможуваат меѓудржавно поврзување.
Причините за пролонгирање на изведбата некогаш се објективни, а некогаш субјективни. Непристапни терени, планини, тунели, промашени траси, финансиски пропусти, технички недостатоци…
Македонија меѓу првите почна со двата коридора, 8 и 10 но потоа застана.
За разлика од нашата земја, Србија и Албанија интензиво работат во нивното автопатско и железничко поврзување. И покрај нерешените политички проблеми со Косово, делnиците се градат. Според тамошните аналитичари, Србија знае дека тоа е нејзин витален економски и геополитички интерес, а политичките спорови се минливи.
На пример Србија сега интензивно работи на автопатот Ниш –Приштина, кој веќе е финализиран до Прокупље и продолжува кон Мердаре (границата со Косово), за да се припои кон автопатот Приштина –Драч.
Исто така, познато е дека еден важен крак од српскиот Коридор 10 (Ниш – Истанбул), одзема добар дел од профитот што нашата држава ќе го добиеше да беа во функција Коридорот 8 и Коридорот 10. Од Ниш до Софија би се патувало за еден час и се продолжува долж Коридорот 4 кон Грција (Солун, Кавала и Александрополис).
Целата анализа на Градска.мк