ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

(ВИДЕО) Крунисан британскиот крал Чарлс Трети, на церемонијата присуствуваше и претседателот Стево Пендаровски со сопругата

May 6, 2023 16:50
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Photo: AFP

Photo: AFP

Share on FacebookShare on Twitter

Двочасовната церемонија на крунисување на новиот британски крал Чарлс Трети заврши нешто по 13 часот по локално време, а поворката ја напушти Вестминстерската палата и се упати назад кон Бакингемската палата, објави Си Ен Ен.

Чарлс Трети положи заклетва за крунисување потврдувајќи дека ќе го почитува законот и Англиската црква за време на неговото владеење и потврди дека е „верен протестант“.

Десетина минути по него, беше крунисана и кралицата Камила (75), втората сопруга на Чарлс, на која новиот британски крал и е и втор брачен партнер.

Додека крунисаната двојка ја напушташе палатата, се свиреше националната химна, а потоа поворката се упати кон Бакингемската палата по истата машрута по која се движеше до опатијата, но во старата Златна државна кочија.

Изработена е во 1762 година и се користи на сите крунисувања од 1831 година. Елизабета се пожали на неудобноста на кочијата по нејзиното крунисување, опишувајќи го искуството како „ужасно“.

Во моментот на ставање на круната на Свети Едвард на главата на Чарлс, настанот беше одбележан со истрели од огнено оружје кои беа испукани низ Обединетото Кралство.

Кралот беше крунисан пред околу 2.000 луѓе, од странски лидери и членови на кралското семејство до избрани функционери и претставници на граѓанското општество.

Меѓу гостите беше и претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.

Претседателот и сопругата присуствуваа на настаните во Лондон како одговор на поканата упатена до шефови на држави од британската страна. Македонско-британските релации се темелат на заеднички и универзални вредности и постојано се унапредуваат уште од нашата независност. Во 2023 година Република Северна Македонија и Обединетото Кралство одбележуваат јубилеј од три децении од воспоставувањето на дипломатските односи, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Двочасовната церемонија во Лондон беше предводена од надбискупот од Кентербери, Џастин Велби.

Г. Т.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: кралкрунисувањеЛондонПендаровскиЧарлс

НАЈНОВО

Гувернерот на Банката на Франција со капче „Да ја направиме Европа повторно голема“

July 5, 2025
Скриншот

Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

July 5, 2025
Фотомонтажа: Коалиција Маргини

Коалиција Маргини: Репродукција или казна – Како власта ни ја дисциплинира иднината

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk