Лидерите на Ерменија и Азербејџан ќе се сретнат идната недела во Брисел, соопшти Европската унија. Тоа е последен во серијата обиди да се обезбеди траен мировен договор и да се решат долгогодишните разлики околу територијата на Нагорно-Карабах.
Средбата на 14 мај меѓу ерменскиот премиер Никола Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев доаѓа по разговорите меѓу нивните двајца министри за надворешни работи кои го поттикнаа американскиот државен секретар Антони Блинкен да сугерира дека е можен напредок.
Во соопштението на веб-страницата на Советот на ЕУ се наведува дека трипартитната средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ќе се одржи во седиштето на ЕУ.