Руската пропаганда продолжува да создава лажни приказни за украинските тенкови и германската воена опрема, пренесува Укринформ.
На руските Z-Телеграм канали кружи фотографија на која се гледа оклопно возило Marder IFV од германското производство заглавено во река. Пропагандистите тврдат дека токму украинската војска успеала да го „удави“ германското оклопно возило што Украина го добила од своите сојузници.
Како „доказ“ дека возилото и припаѓа на украинската армија, руските пропагандисти го посочуваат белиот крст, наводно насликан на потопеното возило. Украинската војска ја означува опремата со слични крстови.
Сепак, фотографијата е лажна бидејќи ја има веќе 13 години. Беше направено во Авганистан во мај 2010 година.
На оригиналната фотографија немаше бел крст, туку е „фотошопиран“ подоцна од руските пропагандисти.
Ова не е прв пат руската пропаганда да шири дезинформации и омаловажување на западната помош во оружје и опрема за Укрина.
Претходно, про – Кремљ медиумите и z-Telegram каналите ширеа лажни информации дека двајца украински тенкисти кои пристигнале во Германија да тренираат на Леопард 2 тенковите, наводно побегнале од центарот за обука и „побарале политички азил“ во Германија.
На крајот на јануари, 2023 година, руските пропагандисти споделија фотографија која наводно е направена на влезот во берлинската зоолошка градина. Како што може да се види од фотографијата, во позадина се гледа адресата на управата на зоолошката градина до посетителите. Претставниците на зоолошката градина, наводно, ги замолуваат гостите „да не ги хранат леопардите со празните зборови на [украинскиот претседател Володимир] Зеленски, бидејќи на животните може да им се здосади“. Се докажа дека фотографијата е лажна.
Во истиот период, државните медиуми на Кремљ, руските телеграм канали и проруските профили на твитер споделуваат видео наводно направено од случаен минувач во близина на светлечкиот билборд за реклами во центарот на Берлин. На видеото прикажани се два германски тенкови: тенк Пантер од Втората светска војна со наслов „1943“ и тенк Леопард со наслов „2022“.
На сликата исто така се гледа прашање на германски што се преведува како „Можеби, нема потреба да се прави ова повторно?“
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа