Утрото во петокот, 12 мај, одекна експлозија во привремено окупираниот Мелитопол, објави градоначалникот на Мелитопол во егзил Иван Федоров на Телеграма, пренесува Укринформ.
„Голема единечна експлозија во Мелитопол. Го потресе срцето на градот“, напиша тој.
Засега не се дадени дополнителни информации за точната локација на експлозијата.
Украинските воздухопловни сили изминатиот ден извршија 14 воздушни напади насочени кон руските инвазивни сили, додека артилериците од Третата одвоена јуришна бригада на вооружените сили на Украина, користејќи хаубица Д-30, погодија руски војници во близина на градот Бахмут, регионот Доњецк, предизвикувајќи загуби на непријателот.
„Со директен удар, шест од нив се водат како „исчезнати во акција“. Другата беше стопроцентна „убиени во акцуја“, на Телеграм прес-службата на бригадата.
Исто така, граничарите во Бахмут собориле четири руски беспилотни летала користејќи анти-дронови.
Шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, но и некои руски воени блогери, на Телеграм известуваат за украинско напредување јужно и северно од Бахмут, при што некои сугерираат дека долгоочекуваната контраофанзива на Кијив почнала.
Москва ги демантираше овие тврдења додавајќи дека „воената ситуација е под контрола“.
Меѓутоа, на социјалните мрежи се објавуваат бројни извештаи од руските канали за тоа дека украинските сили започнале поголема офанзива во неколку правци. Ова следи по извештаите на Вагнер за борбите кај Бахмут во последните денови. Тековните извештаи се многу спротивставени, некои споменуваат дека Украинците се движат кон руската граница. Сè уште треба да се потврди дали нешто од ова е реално, но ситуацијата е прилично слична на прегрупирањето во септември и ноември.
Numerous reports in Russian channels about Ukrainian forces having begun a larger offensive in several directions. This follows reports of Wagner struggling in Bakhmut in the recent days. Current reports are very conflicting, some mention Ukrainians moving towards Russian border.…
— Dmitri (@wartranslated) May 11, 2023
Според руски извори, досега е евидентен напредокот на Украина во областа Бахмут и Соледар, како и одредено движење на возила во Харковската област, додека нема информации за насоката југ – Крим.
Според последните извештаи од боиштето од четвртокот, 10 мај, руските трупи се повлекле на растојание до два километри на одделни делови од фронтот во насока Бахмут.
Спроведување на одбранбената операција ги исцрпило обучените сили на ПВЦ Вагнер и ги натерало во одредени правци да бидат заменети со послабо обучени единици на руските редовни трупи кои биле поразени и повлекле.
Во ексклузивен разговор за Си-Ен-Ен, украински командант вели дека борците на Вагнер биле првите што побегнале во Бахмут додека Украина добива значајна позиција во Бахмут.
Д. Мишев / Цивил Медиа