ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

ПОТОЧИЊА го прославија својот 20. роденден!

May 15, 2023 09:55
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Викендов Македонската филхармонија беше исполнета со детски џагор, песни и многу насмевки. Причината беше големиот роденденски јубилеј – 20 години „Поточиња”. Ниту шест претстави не беа доволни да се задоволи интересот на децата, не само од Скопје, туку и од цела Македонија кои сакаа да го посетат роденденското издание. Билетите во слободна продажба пламнаа и капацитетот на големата сала на Македонска филхармонија беше исполнет до максимум.

Над 5 500 посетители во двата фестивалски дена веќе на првите тактови на популарната химна на фестивалот ги пречекаа учесниците со аплауз и еуфорија. Популарниот водител – маскотата Поки (актерот Мартин Јорданоски) дополнително ја загреа атмосферата со најавата на носечката роденденска песна „Викни Хеј!” која публиката веднаш ја прифати и запеа, а потоа се редеа новите детски песни кои веќе на прво слушање ги освоија срцата на децата. Атмосферата достигна највисоко ниво кога хорот „Поточиња” специјално за оваа пригода го отпеа роденденскиот микс од најголемите хитови на фестивалот изминативе 20 години.

Специјален гостин на фестивалот беше Елена Ристеска која заедно со хорот „Поточиња” ја изведе заедничката песна „Мамо Благодарам” која никого не остави рамнодушен и разбуди многу емоции како кај децата, така и кај нивните родители.

Фестивалот беше спектакуларно затворен со роденденски марш и дожд од конфети кои ја дополнија целата славеничка атмосфера.

Од организаторот, Пап продукција истакнуваат дека жалат што просторната концертна понуда во градот е ограничена и покрај шесте претстави во Македонска филхармонија, голем дел од заинтересираните посетители не успеаа да дојдат до билет и да бидат дел од јубилејното 20-то роденденско издание „ПОТОЧИЊА 2023″.

Tags: децаПоточињафестивал
Next Post

МНР со повик за вклучување во проектот МКАРТА

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk