По инструкции од шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Грција, амбасадорот Теохарис Лалакос денеска заминува за Албанија, со цел да се сретне со притворениот градоначалник на Химара, Дионисис-Фреди Белерис, брифираат дипломатски извори за грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Лалакос ќе се информира за здравствената состојба и условите во кои се притворени и Белерис и Панделис Кокавесис, а во консултација со грчката амбасада во Албанија ќе се разгледаат следните дејствија за постапување со случајот.
Паралелно, како што објасниле истите извори, по соодветните инструкции од Дендиас амбасадорката на Грција во Албанија, Константина Камици, веќе побарала средба со Белерис и Кокавесис, а е и во постојана комуникација со нивните семејства и адвокатите.