ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Сателитските снимки од разурнатиот до темели Бахмут ги демантираат апсурдните изјави на Песков

May 18, 2023 15:38
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото монтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фото монтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, неодамна бесрамно изјави дека Русија бавно напредува во Украина бидејќи не води војна, туку „специјална воена операција“.

„Водењето војна е сосема друга работа. Тоа е целосно уништување на инфраструктурата, целосно уништување градови и така натаму. Ние не го правиме тоа. Прво, се трудиме да ја спасиме инфраструктурата и под два, се трудиме да спасиме човечки животи“, истреска тој и остана жив.

Изјавата, дадена за српска Политика, сосема некритички ја пренесоа и македонските про – рашистички медиуми, според, за нив својствениот принцип „пет минути за Хитлер – пет минути за Евреите“ , илити, „избалансираното“ новинарство, кое ги изедначува насилникот и жртвата, убиецот и убиениот, окупаторот и окупираниот. Параван зад кој се задскриваат додека ја спроведуваат агендата на Кремљ.

Да не е трагично, ќе беше смешно, а Песков ќе беше истролан за незнаење, тропање глупости и тотално отсуство на здрав разум.

Треба и самиот да си монструм, за да ги негираш, игнорираш и оправдуваш монструозните руски воени злосторства и разорното руско уништување на украинската цивилна инфраструктура и на цели градови.

Но, како што велеше една бегалка во багажник, „вистината е како шило, боде, боде, лево, десно, и ќе исплива како површина …или ќе се појави на сателитски снимки. Maxar Technologies објави сателитски снимки со висока резолуција на делови од градот Бахмут, регионот Донецк, во мај минатата година и овој месец.

Сателитските снимки кои ги пренесува Укринформ, го прикажуваат во графички детали нивото на уништување што е предизвикано од руското гранатирање.

Домови и згради во Бахмут видено на 8 мај 2022 година.
Горење домови и уништени згради на 15 мај 2023 година.

На снимките на Максар се гледаат „редовите станбени згради, училишта, продавници и друга инфраструктура се претворени во шут што тлее“.

Театарот Бахмут и околните продавници како што е видено на 8 мај 2022 година.

Сателитска снимка од 15 мај 2023 година, театарот Бахмут и околината може да се видат во урнатини.

„Делови од градот кои пред една година беа наредени со дрвја и паркови, сега се целосно лишени од секаква вегетација и се покриени со кафеава/црвена прашина и остатоци“, се вели во извештајот.

Универзитетски згради и радио кула како што е видено на 8 мај 2022 година.
Истата сцена нешто повеќе од една година подоцна, на 15 мај 2023 година.
Училиште Бахмут и станбени згради видени на 8 мај 2022 година.
Уништено училиште и станбени згради што тлеат видено на 15 мај 2023 година.

Според податоците на Генералштабот, руските уништувања продолжуваат со несмален интезитет, во текот на денот се случиле 25 борбени ангажмани во четири правци. Руската армија продолжува да ги фокусира своите главни напори на правците Лиман, Бахмут, Авдијивка и Маријнка.

Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа

Tags: БахмутдезинформацииДмитриј Песковпроруска агресија врз Украинаруска пропагандаруски медиуми
Next Post
Pascal Mora/Bloomberg

Швајцарскиот парламент за пропаѓањето и преземањето на банката „Креди Свис“ ќе ги истражува владата, централната банка и регулаторот

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk