ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Извештаите на ЕИБ Глобално прикажуваат рекордно инвестирање во 2022 година

May 19, 2023 09:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

ЕИБ Глобално, развојниот огранок на Европската инвестициска банка, финансираше 10,8 милијарди евра во 2022 г. Тоа е за 50% повеќе отколку што банката инвестирала во земји надвор од ЕУ во текот на 2021 година. Ова вклучува 1,7 милијарди евра претходно пријавени заеми, пренаменети за брза исплата во Украина, што го илустрира брзиот одговор на банката кон земја соочена со војна. Во 2022 г. Групацијата ЕИБ продолжи да ги поддржува и глобалната здравствена заштита, прифатливата енергија, пристапот до вода, обновливите извори на енергија и одржливиот раст насекаде. Финансирањето за Северна и Потсахарска Африка вкупно изнесуваше околу 4,1 милијарди евра. За земјите од Западен Балкан, банката потпиша заеми од 824 милиони евра, вклучително и над 11 милиони евра во грантови, коишто се очекува да мобилизираат вкупно речиси 3,5 милијарди евра во инвестиции.

„Комплицираната геополитичка ситуација и конфликтите што се случуваат низ светот не треба да нѐ натераат да ја занемариме нашата цел за промовирање глобална, праведна транзиција кон нето–нула.”вели Вернер Хојер, претседателот на Европската инвестициска банка. „Ако сакаме да имаме шанса да ги постигнеме целите за одржлив развој на ОН, треба да создадеме одржливи партнерства и сојузи на сите нивоа. Во својата прва година од постоењето, ЕИБ Глобално докажа дека даваме активен придонес во поправеден свет под знамето на Европската Унија, особено преку нашата поддршка за проектите на Глобалната Порта.”

Според деловните извештаи на EIB Global, благодарение на заемите потпишани минатата година, се очекува 11,7 милиони луѓе имаат корист од безбедна вода за пиење, 836 милиони луѓе се вакцинирани против КОВИД-19 и други болести, 141 милион повеќе патувања со јавен превоз. Заемите од ЕИБ потпишани за нови проекти во 2022 г. во Западен Балкан се очекува да резултираат со 150.000 домашни приклучоци за водоснабдување и комунални услуги, 2,3 милиони патувања годишно на нови или реновирани железници, 34.600 задржани работни места во микро и помали претпријатија.

Според овој извештај, војната во Украина влијаеше врз Западен Балкан, особено преку повисоките цени на храната и енергијата, коишто ја поттикнаа инфлацијата и ги погодија расположливите приходи. Податоците од истражувањето на ЕИБ покажуваат дека побарувачката за кредити останува силна во пресрет на закрепнувањето од пандемијата, но најмногу за финансирање обртни средства, при што банките очекуваат пад на побарувачката за кредити за фиксни инвестиции. Дополнително, понудата на кредити е влошена поради заострените услови за финансирање и се очекува дополнително да слабее.

„Новата организациска структура во рамките на ЕИБ Глобално ни помогна да го зајакнеме нашето присуство во Западен Балкан и да ги поддржиме нашите локални партнери во ублажување на влијанието на повеќе предизвици. Заедно со Европската комисија, мило ни е што го поддржуваме регионот во исполнувањето на своите потреби за урбан развој и инфраструктура на финансиски одржлив, општествено инклузивен и енергетски ефикасен начин.” – вели потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова.

Tags: ЕИБ Глобално
Next Post

Статуафест - уличен уметнички фестивал за живи статуи

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk