ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Парламентарни избори во Грција на кои не се очекува јасен победник

May 21, 2023 10:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, РЕГИОН

Грција денеска гласа на парламентарни избори на кои најверојатно нема да има јасен победник, а доколку политичките партии не се согласат на коалиција, се очекува следните избори да се одржат во јули, објавија западните медиуми.

Анкетите предвидуваат дека владејачката конзервативна партија Нова демократија ќе освои најмногу гласови, но поради промените во изборниот систем во земјата веројатно нема да добие доволно за апсолутно мнозинство.

Избирачките места беа отворени во шест часот наутро (7 часот по грчко време), а ќе се затворат во 18 часот. Право на глас имаат нешто помалку од 10 милиони Грци. Во 21 часот ќе бидат објавени првите излезни анкети на шест агенции за истражување на јавното мислење.

Нова демократија предводена од премиерот Киријакос Мицотакис, според анкетите, ќе освои меѓу 31 и 38 отсто од гласовите, а на второ место е левичарската опозициска партија Сириза, која би требало да има 4-7 процентни поени помалку. Агенциите за истражување на јавното мислење велат дека на партиите им требаат повеќе од 45 отсто од гласовите за целосна победа.

Економската криза беше централна тема во текот на изборната кампања, а партиите се обидоа да ги придобијат гласачите со ветувања дека ќе ја зголемат минималната плата и ќе отворат работни места. Растот на цените имаше интензивно влијание врз Грците, чиј животен стандард беше значително нарушен за време на десетгодишната должничка криза.

Неизвесниот исход од изборите ќе доведе до неколкудневни преговори меѓу политичките партии за да се најде заеднички јазик и кохабитација во владата.

Денешниот резултат е референдум или за политичка стабилност или за воведување во влада без кормило, напиша грчкиот весник „Прото тема“ во уводникот на својата насловна страница.

Доколку ниту една партија не победи, грчката претседателка Катерина Сакеларопулу на трите партии со најдобри резултати ќе им даде тридневен мандат за секоја да се обиде да формира влада.

Потоа Сакеларопулу, доколку ниту една партија не успее, ќе назначи привремена влада која ќе ја води земјата до следните избори, за околу еден месец подоцна.

Г. Т.

Tags: ВладаГрцијаизборинеизвесност
Next Post

Во Италија повеќе од 36.000 раселени и 14 загинати во поплавите

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk