ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

May 23, 2023 11:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на посетата на Универзитетот „Гоце Делчев” ‒ Штип, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, оствари средба со ректорот на Универзитетот, проф. д-р Дејан Мираковски и со проф. д-р Дарко Лазаров на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката помеѓу Народната банка и Универзитетот во делот на истражувачката работа и макроекономското моделирање. Во рамките на редовната практика за споделување на макроекономските податоци со различни целни групи во јавноста, гувернерката одржа предавање пред студентите на Економскиот факултет при Универзитетот на коешто се обратија и деканката на Економскиот факултет, проф. д-р Оливера Ѓоргиева Трајковска, како и проф. д-р Дарко Лазаров. „Според најновиот циклус макроекономски проекции на Народната банка, годинава се очекува стеснување на дефицитот на тековната сметка, како резултат на подобрувањето на надворешното окружување преку намалување на притисоците од трговската размена, а пред сѐ кај енергентите. Финансиските приливи и понатаму би биле солидни и би го покривале дефицитот на тековната сметка, но истовремено ќе бидат доволни и за зголемување на девизните резерви. Сепак, неизвесноста опстојува и потребно е внимателно следење”, беше посочено на предавањето на гувернерката.

Движењата во надворешниот сектор се исклучително значајни за Народната банка со оглед на нашата монетарна стратегија на одржување стабилен девизен курс на денарот. Дефицитот на тековната сметка лани значително се прошири, главно како резултат на енергетската криза, односно увозот на енергенти по исклучително високи цени. Дел од овие притисоци беа ублажени преку високиот раст на дознаките од странство. Дознаките коишто беа значително погодени во периодот на пандемијата, во изминатиот период растеа со високи стапки на раст од 30 до 40%, со што во 2022 година достигнаа 2,4 милијарди евра, што е историски највисоко ниво. На среден рок се очекува дека тие и натаму ќе растат, но значително поумерено со од годишен раст од 3 до 4%. Очекувањата за намалување на притисоците кај енергентите, а со тоа и врз трговскиот дефицит, ќе придонесат за стеснување на дефицитот на тековната сметка во 2023 година за 2,4 п.п. од БДП на годишна основа, односно тој ќе изнесува 3,6% од БДП. Се очекува ваков тренд и на среден рок во услови на натамошна постепена стабилизација на цените на примарните производи и натамошно закрепнување на странската извозна побарувачка.

Финансиските нето-приливи во периодот 2023 ‒ 2025 година во целост би го финансирале дефицитот на тековната сметка и би придонесле за натамошен раст на девизните резерви, коишто за целиот период ќе останат на соодветно ниво. Странските директни инвестиции минатата година достигнаа 5,7% од БДП, што е една од повисоките стапки досега. Очекувањата за следниот период се дека тие и натаму ќе растат и во просек би изнесувале 3,7% од БДП на среден рок.

Во презентацијата пред студентите гувернерката се осврна и на очекувањата за економскиот раст годинава, како и за инфлацијата. Говорејќи за економскиот раст, гувернерката истакна дека растот на македонската економија во 2023 година би изнесувал 2,1% (еднаков на остварениот претходната година), а инфлацијата би се свела на едноцифрено ниво од 8% до 9% и потоа на среден рок би забележала натамошно намалување и сведување под 3%, како што беше и октомвриската проекција.

Геополитичките превирања и нивните можни ефекти врз синџирите на снабдување и светските цени, евентуалното поостро затегнување на глобалните финансиски услови, како и случувањата во финансиските системи во одделни економии и натаму се ризиците за надолни проекции.

Tags: Ангеловска-БежоскаШтип
Next Post

Серафимовски и Ивановски: За успешна циркуларна економија треба да се излезе од комфорната зона

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk