ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски со честитка до МПЦ-ОА: Духовно-просветителското наследство на светите браќа Кирил и Методиј има безвременско значење

May 24, 2023 10:02
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители,светите браќа Кирил и Методиј, испрати телеграма со честитки до архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, членовите на Светиот архиерејски синод на  Македонската православна црква – Охридска архиепископија, ценетото свештенство и монаштво, како и до сите православни верници во нашата земја.

Премиерот Ковачевски, во честитката, го нагласил огромното значење на сесловенските просветители Кирил и Методиј во создавањето на првото словенско писмо во коешто се наоѓаат корените и на македонската писменост.

– Празникот 24 Мај секоја година го осветлува епохалното дело на светите браќа Кирил и Методиј  како создатели на првото словенско писмо – глаголицата во коешто се наоѓаат корените и на македонската писменост и како христијански рамноапостоли и сесловенски просветители, кои успеваат да ја разбијат тогашната тријазична догма и да ја издигнат словенската култура на рамноправно рамниште со трите други култури во тоа време во Европа. Така е кодифициран и книжевниот црковнословенски јазик, во чија основа лежи македонскиот словенски говор од околината на Солун, се вели во честитката на премиерот Ковачевски, соопштија од Сектор за односи со јавноста во Владата.

Браќата Кирил и Методиј, како што се нагласува во честитката, се издигнуваат и во темелници на интеркултурализмот поради значењето што го имаат за единството на европските народи, прогласени за светци од Православната црква и за созаштитници, односно патрони на Европа, од Римокатоличката црква.

– Со оглед дека развојот на словенската писменост, а со тоа и на македонската писменост, продолжува да се одвива на македонска почва под закрила на Охридската архиепископија, духовно-просветителското наследство на светите браќа Кирил и Методиј има безвременско значење и за нашата автокефална Македонска православна црква – Охридска архиепископија, која од лани  е признаена како рамноправна со сите православни цркви, заедно со македонската писменост, јазик, култура и идентитет“, стои во честитката на премиерот Ковачевски.

„Нека е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј!“, порачал премиерот Ковачевски во телеграмата упатена до архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, соопштија од владината прес-служба.

Tags: КовачевскиМПЦ-ОАСектор за односи со јавностачеститка
Next Post

Во Скопје 228 сообраќајни прекршоци, 28 за брзо возење

EVN

НАЈНОВО

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk