Секогаш кога има проекти од стратешки интерес постои деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во гостувањето во ТВ24. Тој како пример ја посочи изградбата на коридорите.
-Изградбата на овие коридори 30 години наназад сите партии ја имаа во своите партиски програми пред избори, но ниту една партија не смогна сили да се фрли во реализација. Овој проект многу ќе значи за граѓаните и стопанството и Македонија од кружен тек конечно да стане крстосница на Балканот, кажа Костовски.
Тој за петте закони што се во собраниска процедура кажа дека се должат на поквалитетно исполнување на стратешките проекти, а само заради некаква идеја на опозиционерите тие решиле да стават кочница.
-Токму затоа е европското знаменце, зашто државата мора да оди напред. Зарем мислите дека само вие го поседувате времето на овој народ?, праша Костовски.
Тој потсети дека Договорот е пратен во ОЈО, Антикорупциската комисија и е доставено писмо до Собранието за разгледување на Договорот, но од опозицијата нема интерес за негово разгледување.