ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Распуштен грчкиот Парламент и официјално распишани новите избори во Грција

May 29, 2023 18:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, РЕГИОН

Грчкиот Парламент помалку од 24 часа откако беше отворен, попладнево се распушти согласно издадениот претседателски декрет потпишан од претседателката Катерина Сакеларопулу и премиерот Јоанис Сармас, со што и официјално се распишани изборите во Грција на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателскиот декрет беше закачен на влезната врата на Парламентот, а предвидува новиот парламентарен состав што ќе произлезе од изборите, првата седница да ја одржи на 3 јули, односно осум дена по изборите.

Пратениците кои минатата седмица ја добија довербата од граѓаните имаа мандат пократок од 24 часа, што е вторпат во поновата грчка историја, Парламентот да се отвори на само еден ден.

Вчера во 18 часот новите 300 пратеници положија свечена заклетва, денеска беа избрани претседателот на Парламентот, замениците и секретарите, а во 16 часот попладнево, Парламентот се распушти.

Претходно, пратеникот од Нова демократија Константинос Тасулас со 270 гласа „за“ и 26 воздржани, одново доби доверба од пратениците и беше реизбран за претседател на грчкиот Парламентот

Новиот парламентарен состав го сочинуваа пратеници од пет партии кои на изборите го преминаа прагот од три отсто за влез во Парламентот.

Нова демократија доби 146 пратеници, СИРИЗА 71, ПАСОК- Движење на промена 41, Комунистичката партија 26, а Грчко решение 16 пратеници.

Со објавувањето на претседателскиот декрет и распуштањето на Парламентот, Грција влегува во нов, втор предизборен период откако по изборите на 21 мај, ниту една од партиите не го обезбеди потребното мнозинство за формирање Влада.

Tags: Грцијаизборинови изборипарламентраспишанираспуштен
Next Post

Ретроспективна изложба на македонскиот уметник Владимир Темков во Чифте амам

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk