ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Ангеловска-Бежоска: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

May 30, 2023 10:35
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Без никакво сомневање, приоритетот на централните банки е стабилизирањето на инфлацијата, за што и натаму треба да се водат внимателни макроекономски политики”. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите во рамките на Самитот на гувернери на централни банки, министри на финансии и директори на даночни управи во регионот, под наслов „Финансиската и монетарната стабилност во регионот во услови на продолжени геополитички и економски кризи”, којшто се одржува во Црна Гора.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека од историска перспектива во справувањето со оваа инфлациска епизода, во светски рамки, сведочиме за едно од најсинхронизираните затегнувања на монетарната политика во изминатиот половина век, при што реакцијата на централните банки беше двојно посилна во однос на историскиот просек. Ова е карактеристично и за земјите од регионот, коишто реагираа преку различни инструменти во зависност од монетарната стратегија и инструментариумот којшто го имаат на располагање. Како резултат на реакциите на централните банки, и при пад на цените на примарните производи вкупната инфлација значително забавува и од нејзиниот максимум од 14,3% во 2022 година се сведува на околу 10% според последните податоци од април годинава, иако базичната инфлација покажува поизразена инерција. Овој тренд се бележи и во македонската економија.

Во однос на идните инфлациски движења во економиите во регионот, како мали и отворени, таа посочи дека тие ќе бидат условени од неколку битни фактори. Првиот е трајноста и големината на надворешните шокови, односно поместувањата на пазарите на примарните производи, врз коишто не можеме да влијаеме. Понатаму, важен фактор ќе биде степенот на чувствителност на економиите во регионот на надворешните шокови, што зависи од структурните карактеристики и преземените структурни реформи за ублажување на ранливоста ‒ нешто што не може да се промени за краток рок, но може на среден рок. На крајот, од исклучителна важност за натамошно одржливо намалување на стапката на инфлација ќе биде водењето претпазливи макроекономски политики и нивната добра координација. Со помош на истрајноста во процесот на фискална консолидација ќе се изгради фискалниот простор, но ќе се обезбеди и поддршка во битката со инфлацијата.

На панел-дискусијата на тема „Одржување на стабилноста на цените и банкарскиот систем во неизвесни времиња”, на која учествуваше гувернерката, се претставија и гувернерите на централната банка на Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и вицегувернерите на Албанија, Словенија и Србија.

Tags: Ангеловска-БежоскаЦрна Гора
Next Post

Ковачевски ќе учествува на Безбедносниот форум на Глобсек 2023 во Братислава

Shortcut

Најново

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk