На иницијатива на советниците од редовите на СДСМ, Советот на општина Гостивар донесе одлука за формирање Локален младински совет. Младинскиот совет е составен од 11 младинци од општина Гостивар и има мандат од две години, соопштуваат од СДСМ.
Оттаму нагласуваат дека поддршката на младите и младинските политики, на нивното учество и застапеност во општествените процеси е влог во иднината.
„Препознавањето на младинските потреби и предизвици, нивното решавање, во соработка со самите млади и обезбедувањето соодветни сервиси за нив е меѓу приоритетите на СДСМ. Локалниот младински совет е нов предизвик кој има за цел да го зголеми учеството на младите во општината и локалната заедница. Ги поттикнуваме младите и ја зајакнуваме нивната улога во рамки на општеството“, велат од СДСМ.