ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груби на средба со Бомгартнер: Борбата против корупцијата и организираниот криминал остануваат приоритет на Владата

May 31, 2023 15:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денес оствари средба со амбасадорот на Република Франција, г-дин Сирил Бомгартнер.

Тема на разговор беа борбата против корупцијата и организираниот криминал, процесот на уставни измени, скринингот, реформите што се прават за европската интеграција, како и за француските инвестиции во обновливите извори на енергија со целосна владина поддршка.

Борбата против корупцијата и организираниот криминал остануваат приоритет на Владата и ги повикуваме сите граѓани, медиумите, граѓанското општество да се приклучат во акциите за осудување на злоупотребите, но и пропагандата и лажните вести.

Ветингот како процес на прочистување ќе придонесе за кредибилитетот на личностите во судството и политиката.

Груби и Бомгартнер разговараа и за скрининг- процесот кој е во тек со ЕУ, како и за иницијативата за уставните измени, како неопходност да се продолжи кон следниот чекор за членство во Европската Унија.

Што се однесува до евроинтеграциите, амбасадорот ја потврди поддршката на Република Франција за нашата земја, додавајќи дека преговарачката рамка се одразила и во новата методологија на ЕУ заедно и со мобилизацијата на сите домашни институционални капацитети.

Груби и амбасадорот Бомгартнер разговараа и за француските инвестиции во обновливите извори на енергија со целосна владина поддршка, во рамките на договорот постигнат во ЕУ за двојно зголемување на процентот на извори на енергија во вкупната потрошувачка како што се ветерот и сонцето на 42,5 % до 2030 година од актуелните 22 %, стои во соопштението од Кабинетот на првиот вицепремиер.

Tags: БомгартнерГрубикорупција
Next Post

Марсијал ќе го пропушти финалето на ФА Купот против Манчестер сити

Shortcut

Најново

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

Албанија ја врати легалната индустрија, Македонија сака да ја затвори

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk