ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Маричиќ од Брисел: ЕУ има план за брза евроинтеграција, шанса која не смееме да ја пропуштиме

May 31, 2023 18:43
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Бојан Маричиќ

Бојан Маричиќ

Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ после средбите со европратениците од Европскиот Парламент испрати преку видео обраќање испрати порака дека ЕУ има план за Северна Македонија и регионот и дека со заедничка акција на сите политички субјекти треба до 2030 да ја валоризираме шансата којашто ни е дадена.

Во продолжение интегралниот текст од изјавата на вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ:

„Почитувани граѓани,

Имаме многу поддржувачи и искрени пријатели во европските институции, меѓу кои и во Европскиот парламент. После средбите со европратениците од различни парламентарни групи ја пренесувам пораката дека јасна е визијата за проширување на ЕУ, и дека европратениците и понатаму ќе бидат гласни за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија и регионот во ЕУ.

Поддршката и повикот за европеизација на регионот од европските институции е сè посилен. Тоа го докажува и новиот план за забрзано приближување на Западен Балкан кон нашите европски партнери, претставен денес од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Имаме видлива европска перспектива, на нас е сега со одговорни одлуки да ја достигнеме. Од нас се очекува напредок кон ЕУ со реформи, дијалог и консензус кога станува збор за европската иднина на македонските граѓани.

Да го искористиме моментумот и да направиме чекори кои ќе дадат позитивни резултати и напредок. Ова долго го очекуваме и им го должиме на младите и идните генерации.

Треба да ја разбереме итноста и неодложната задача која ја имаме пред нас да ја завршиме успешно. Неопходен е дијалогот помеѓу политичките партии кои делат европски вредности, за кои нема компромиси, или сме за ЕУ или не. Ова е ситуација во која ќе покажеме дека навистина сакаме Северна Македонија да биде во друштво и на маса со демократско развиените земји.

ЕУ покажа дека има план и одговорност за нас. Имаме и ние план кој со заедничка акција на сите политички субјекти треба да го реализираме и до 2030 да ја валоризираме шансата којашто ни е дадена“.

Во рамки на дводневната работна посета на Брисел, Маричиќ оствари средби со европратениците од групата на Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот Парламент, Тонино Пицула, Матјаж Немец и Андреас Шидер, со европратеничка од група на Зелените, Тинеке Стрике, австрискиот европратеник Кристијан Сагарц, известител во сенка на Европската народна партија за Република Северна Македонија во Европскиот парламент и Ираче Гарсија Перес, европратеничката и лидерка на Прогресивната алијанса на социјалдемократи во Европскиот парламент, Ираче Гарсија Перез.

Tags: EвроинтеграцијаБриселМаричиќ
Next Post
Ковачевски, потенцираше дека треба да се искористи геополитичкиот момент на согласноста на земјите членки на ЕУ за проширување на ЕУ со нови земји членки, односно тоа се Северна Македонија, Албанија, земјите од Западен Балкан.

Ковачевски за ТВ Канал 5 : Сега е моментот за одлука која ќе обезбеди интеграција на земјата во ЕУ

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk