ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Маричиќ: Поглавјето 20 ја отвора вратата на пазарот на ЕУ за македонските компании

May 31, 2023 11:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Брисел на билатералната скрининг агенда е Поглавје 20, „Претпријатија и индустриска политика” на која заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во своето воведно излагање рече дека фокусот на Владата е насочен кон усогласување со пазарот на ЕУ, кој се карактеризира со конкуренција и иновации, како и на политички мерки и инструменти за намалување на последиците од енергетската криза, кои забрзаа неколку реформски процеси.

-Позитивните ефекти што ги носи примената на европски политики и стандарди во оваа сфера, се врз севкупниот развој на македонската економија. Владата усвои амбициозен план за забрзан раст 2022-2026 година. Комбинирано финансирање и зголемувањето на приватните инвестиции се во сржта на Планот, со неколку инструменти фокусирани главно на малите и средни претпријатија, хоризонтално поврзани со дигиталната и зелената агенда, рече Маричиќ.

Главниот преговарач со ЕУ се осврна и на некои од клучните реформи во Поглавјето „Претпријатија и индустриска политика” кои ќе помогнат македонските компании да ги достигнат европските стандарди и да бидат конкурентни. Маричиќ ги потенцираше Планот за економски раст и Акцискиот план за индустриска политика, кои се однесуваат на зајакнување на конкурентноста на економијата, интернационализација, иновации и паметна специјализација. Во оваа насока ги спомна и неколкуте стратешки документи, кои ги ставаат малите и средни претпријатија во фокусот почнувајќи од Стратегијата за мали и средни претпријатија 2018-2023, Планот за економски раст, Стратегијата за женско претприемништво и Индустриската стратегија.

Маричиќ посочи дека Стратегијата за малите и средни претпријатија ги содржи 10-те принципи од Законот за мали бизниси, со што се потврдува посветеноста на Владата да ја усогласи политиката за истите со клучните стратешки документи на ЕУ.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ Маричиќ вели дека колку повеќе се усогласуваме со стандардите и принципите на развиените европски економии, толку повеќе ќе имаме странски и домашни инвестиции, а македонската економија ќе стане поконкурентна и одржлива на конкуренција што ја очекува на меѓународниот пазар.

Како едно од достигнувањата во овој домен Маричиќ го посочи учеството на Северна Македонија во Програмата за единствен пазар 2021-2027 година, укажувајќи дека општите идни планови се да се продолжи со дизајнирање и имплементација на мерки и инструменти на политиката усогласени со принципите на ЕУ во индустриската политика со фокус на малите и средни претпријатија, зајакнување на административните и институционалните капацитети, следење и евалуација на стратегиите и мерките на политиката и понатамошно усогласување со Директивата за задоцнето плаќање.

Утре продолжува скрининг состанокот за „Претпријатија и индустриска политика”, а веќе следната недела продолжува билатералните скрининг агенда со последните поглавја од Кластер 3, „Конкурентност и инклузивен раст”, Поглавје 17, „Европска монетарна унија” и Поглавје 29, „Царинска унија”.

Tags: економијаЕУМаричиќПоглавје 20
Next Post

ISW: Путин се обидува да го минимизира нападот со дрон врз Москва за да избегне разоткривање на неуспесите на бојното поле во Украина

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk